ОД УЧЕНИЦИТЕ

На оваа страна ќе бидат објавувани изработки од учениците од разни области на нивниот интерес.

Ветровит ден

Какво е времето? Ветровито. Тој ветровите ден јас се разбудив и од прозорецот го видов темното небо. Си помислив дека не ќе можам да си играм надвор. Се облеков. Отидов до кујната и си направив топол чај. Седнав до прозорецот.

Го забележв Андреј како брза кон училиштето со своите разлетани листови од папката. Силниот ветер ги ронеше разнобојните листови од гранките. Баба Розе го шеташе своето куче и ги чистеше лисјата од меката и влажна трева. А мојата сестра со нејзините топли ракавички го леташе нејзиниот црвено-жолт змеј.

Се облеков во топла облека и излегов надвор. Ги најдов другарите и сите си игравме. На мојата сестра и одлетета змејот и и се закачи на блиското дрво. Ние не можевме да го земеме змејот. Дрвото беше многу високо. Баба Розе дојде и го откачи змејот од дрвото. Сестра ми се израдува.

Се стемнуваше и брзо сите требаше да се прибереме дома, се разбира на топло чајче.

01.12.2017             Димириј Карчев V-1 одд

Одд. наставник: Елизабета Георгиевска

Ветровит ден

Фиууу! –засилено прозборе силниот ветер. Темното небо нежно го следеше падот на жолтите крцкави лисја. Децата ги летаа своите шарени змејови кон разиграните дрвја. Возрасните шетаа по дождливите улици, стискајќи ги своите чадори.

Фиуууу! Повторно вознемирениот ветер дувна и заедно со него летнаа и писмата на поштарот кој наминуваше често.

-Леле, што ќе правам сега! –вознемирено викна поштарот.Од крајот на дождливата улица се затрча Марија.

-Како ви се случи ова? –праша Марија.

-Ете, Марија, лутиот ветер со својот силен здив ми ги разнесе битните документи.

-Во ред е, јас ќе ви помогнам.

-Многу ти благодарам.

Може ли да претпоставите што ќе се случеше да не беше Марија? Каков ќе беше денот на поштарор? Добро е што на светот сеуште постојат добри луге.

01.12.2017 Нина Јовановска V-1 одд

Одд. наставник: Елизабета Георгиевска

Презентација „Сончев систем“ изработена од ученикот Тадеј Марковски од V-2 одд.

Одделенски наставник: Тања Метикош