ОБУКИ И ДИСЕМИНАЦИИ

Дисеминација на обуката “Иновирање, креирање и мотивирање во наставата”

На 17 ноември 2017 во ООУ Дане Крапчев се одржа ателјето за дисеминација на обуката  “Иновирање, креирање и мотивирање во наставата “ и на истото присуствуваа 32 наставници од училиштето. Ова атеље беше анимирано од наставничката Анета Митевска, која учествуваше на обуката која се одржа во август,во Охрид, организирана од OIF – Меѓународната организација на Франкофонијата во соработка со МОН

Цели на обуката :

  • Да се откријат нови стратегии за иновирање и креирање на час
  • Примена на разни прогресивни вежби кои се базираат на забавни игри
  • Да се мотивираат учениците и часот да биде подинамичен
  • Вреднување на способностите на секој ученик
  • Да се поттикне работа во групи
  • Да се создаде поволна работна клима на часовите

Програма на атељето:

Во текот на атељето беа претставени разни активности, интернет ресурси и игри кои ќе ја поттикнат мотивацијата кај учениците и ќе го олеснат учењето.

Атељето на дисеминацијата се одвиваше во најдобри можни услови, во прекрасна атмосфера а тоа пред се беше можност за дискусија и размена на искуства меѓу наставниците од предметна и одделенска настава.

Обука – Изготвување личен план за професионалниот развој на наставниците

На 04.07.2017 год. се одржа обука во организација на нашето училиште. Обуката ја одржаа предавачи од Едукативен центар „ Алгоритам центар“ на обуката присуствуваа 42 наставника

Летен универзитет

На 04.07.2017 во хотелот „Дрим“, г-ѓа Изабел Марки-Барбо, Директорка на Францускиот инстут во Скопје, свечено го отвори 19-тиот Летен универзитет во Струга.
На отворањето збор зедоа и: г-ѓа Флоранс Коз од Францускиот институт во Србија, г-ѓа Соња Радкова од Франкофонскиот центар за обуки во Софија (CREFECO) и г-ѓа Марија Николова, одговорна за #Франкофонија при Министерство за образование и наука на РМ.

На универзитетот учествуваат 90 професори по #францускијазик и професори кои предаваат други наставни предмети на француски јазик во двојазичните #франкофонски паралеки, и тоа од 9 земји: Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија, Македонија, но и од Романија, Молдавија и Ерменија.

На универзитетот присуствуваат и наставниците по француски јазик од нашето училиште

Јасмина Ѓоргиева  Анета Митевска  

Летниот универзитет се затвора на 7 јули

Дисеминација на обуката “Техники за усна интеракција на часот по француски јазик за подобрување на комуникацијата на француски “

Ателјето за Дисеминација на обуката  “Техники за усна интеракција на часот по француски јазик за подобрување на комуникацијата на француски “  се одржа во сабота, 13 мај 2017 на Филолошкиот факултет Блаже Конески во библиотеката на катедрата за романски јазици и литература од 10 до 17 часот . Ова атеље беше анимирано од учесничките од Скопје на обуката која се одржа во август,во Охрид – проф. д-р Снежана Петрова од Филолошкиот Факултет , Милена Касаповска Чадловска- виш лектор на правниот факултет во Кичево , Сузана Стојчевска- професор во СУГС Орце Николов, Анета Митевска и Јасмина Ѓоргиева наставнички по Француски јазик во ООУ Дане Крапчев .

Цели на обуката :

  • Да се откријат нови стратегии за охрабрување на учениците да зборуваат и да напредуваат во усното разбирање и изразување на француски јазик
  • Примена на разни прогресивни вежби кои се базираат на забавни игри
  • Усно изразување преку симулации и играње улоги – да се работи на слушање и коцентрација, динамика на групата и зголемување на мотивацијата

 

Програма на атељето:

Теоретските елементи за техниките на усно изразување претставени на почетокот на атељето брзо беа заменети со презентација и реализација на игри

Атељето на дисеминацијата се одвиваше во најдобри можни услови, во прекрасна атмосфера а тоа пред се беше можност за дискусија и размена на искуства меѓу професори по француски јазик од различни нивоа (од основно до факултет)

This slideshow requires JavaScript.

Обука – Математика +

Во рамките  на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ чија главна цел  е подобрување на наставата и постигнувањата на математичката и јазичната писменост кај децата од одделенска настава,  Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“- Македонија на ден 03.12.2016 реализирашае обука „МАТЕМАТИКА +“ во ООУ „П.П. Његош“  – Идризово .
На обуката присуствуваа и 6 наставника од нашето училиште: Жаклина Атанасовска, Данче Костовска  Јакимовска, Јованка Грујовска, Елизабета Георгиевска, Тања Метикош и Наташа Јосимовска . На обуката беа претставени техники за работа од темите кои се обработуваат на часовите по математика во одделенска настава. Обуката  ја реализираа обучувачите: Александра Павловска и Лулзим Мехмеди.

This slideshow requires JavaScript.

Oбука за креирање средина за учење на тема: „Нашата училница – нашиот свет“

Во ноември 2014 година Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“- Македонија потпиша меморандум за разбирање и соработка со Министерството за образование и наука за реализирање на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“. Главна цел на проектот е подобрување на наставата и постигнувањата на математичката и јазичната писменост кај децата од одделенска настава како и зголемување на свесноста за важноста на јазичната и математичката писменост кај децата.
Како дел од проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ од страна на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, во рамки на Компонентата за професионален развој, се организира целодневна обука за креирање средина за учење на тема: „Нашата училница – нашиот свет“. Oваа обука се одржa во просториите на нашето училиште на 12.11.2016. Обуката започна во 09 часот  со времетраење до 16:15. Обуката  ја реализираа обучувачите: Симона Палчевска и Лулзим Адеми.
На оваа обука учествуваа 6 претставници од нашето училиште: Атанасовска Жаклина, Данче Костовска – Јакимовска, Наталија Николовска, Елизабета Георгиевска, Тања Метикош и Даниела Торковска. За прв пат на една ваква обука учествуваа и 5 родители и 5 ученика исто така од нашето училиште.
Целта на обуката е учесниците да се запознаат со креативни активности и техники за креирање на стимулативна средина за учениците и стекнатото знаење да го споделат со останатите наставници во училиштето. За време на обуката една од училниците во нашето училиште беше преуредена од страна на обучувачите и учесниците на обуката.

This slideshow requires JavaScript.

ОБУКА: Диференцирано учење и индивидуализирана настава во инклузивна училница

Од 08 до 10 ноември 2016 год. се одржа обука на тема „ Диференцирано учење и индивидуализирана настава во инклузивна училница“  во организација на

Македонски центар за граѓанско образование  и УСАИД Македонија во соработка со Бирото за развој на образованието и Министерството за образование. Предавач на обуката беше Д-р Едина Кромпак од Универзитетот за применети науки и уметности, Северозападна Швајцарија, Факултет за обрзование, Базел, Швајцарија.

На обуката беа разработени темите: Клучни елементи на диференцирање, Организација на училница, Измени и прилагодување на наставните планови, Колаборативно учење, Различни видови на оценување итн.

На обуката присуствуваа членовите на инклузивниот тим Тања Метикош – одделенски наставник и Билјана Стојановска наставник по математика. Во наредниот период ќе се реализира  дисеминација на обуката за сите наставници од нашето училиште.

This slideshow requires JavaScript.

 

Обука „Читаме, учиме и се забавуваме“

На 29.10.2016 год. во нашето училиште се одржа обука „Читаме, учиме и се забавуваме“ што е во рамките на проектот „Со читање до лидерство “ а во организација на Фондацијата за образовни и културни иницијативи  – Чекор по чекор и УСАИД – Македонија. На обуката присуствуваа претставници од осум училишта. Од нашето училиште присуствуваа наставниците: Жаклина Атанасовска, Данче Костовска Јакимовска, Наталија Николовска, Елизабета Георгиевска, Тања Метикош, Даниела Торковска и педагогот на училиштето Габриела Пљачковска.

На обуката беа претставени техники за препознавање букви и зборови, читање текст и разбирање текст како и начини за вклучување на семејствата во процесот на описменување на децата. Во наредниот период ќе се изврши дисеминација на оваа обука пред сите наставници од одделенска настава во нашето училиште.

This slideshow requires JavaScript.

 

Од обуката за формативно оценување на децата со потешкотии во учењето за предметна настава

Izvestaj-formativno-ocenuvanje-na-uchenicite-so-poteshkotii-vo-uchenjeto-predmetna-nastava

This slideshow requires JavaScript.

 

Izvestaj-od-diseminacija-na-obukata-formativno-ocenuvanje-na-deca-so-poteshkotii-vo-uchenjeto-oddelenska-nastava

This slideshow requires JavaScript.