ЗА РОДИТЕЛИТЕ

Вклученост на семејствата во училиштето

Во животот и работата на училиштето

На почетокот на секоја учебна година преку училишниот флаер родителите се информираат за организационата поставеност и за активностите  ги изведува училиштето, нивните права и одговорности и правата и одговорностите на учениците.
Учеството на родителите во училиштето се одвива на повеќе начини и тоа преку  Советот на родители кои за своите активности треба да изготват програма за работа која се усвојува на почетокот на учебната година. Советот на родители одржува редовни состаноци по секое тримесечие со цел да се информира за постигнатиот успех и поведение од изминатиот квартал како и за други тековни активности на училиштето. Родителите имаат можност да даваат свои сугестии предлози за подобрување на работата, да ја детектираат состојбата на училиштето со цел подобрување на условите за работа. По потреба се одржуваат и други вонредни состаноци. На истите учествуваат и наставници.
Исто така родителите треба се вклучуваат во изведување на многубројни активности кои се испланирани во Акциониот план и програма на Тимот за „Соработка со родители“ како и други активности на тимовите при што се земаат предвид предлозите, мислењата и сугестиите од родителите и кои се планираат во понатамошните активности на училиштето.

Во донесување одлуки

Родителите преку Совет на родители на пралелката, одделението и училиштето и Училишниот одбор учествуваат во донесување на одлуки кои се важни за животот и работењето на училиштето.

Едукација на семејството

Нашето училиште реализира советување на родителите организирано од стручната служба по секое поминато тромесечие; се посетуваат семејства, се организираат едукативни работилници и предавања преку кои родителите  ги прошируваа своите знаења  за здравиот начин на живеење, односот спрема своите деца и друго. Се информираат преку разни соопштенија, Училишен весник, флаери, изготвени од наставниците, тимот за Соработка со родители, стручната служба. Училиштето соработува со СОС „Детско село„ кое е во непосредна близина, со социјалните центри со цел да се помогне на семејствата кои имаат потешкотии во однос грижата и воспитувањето на децата; како и со други институции.

ИНФОРМАЦИИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ

РОДИТЕЛСТВО