Црвен крст

Во училиштето работат Подмлаткари на Црвениот крст и членувањето во организацијата е доброволно и по избор на учениците.  Оваа организација работи на: Создавање, развивање и негување хигиенски навики кај учениците,подигнување на нивото на здравствената култура,оспособување на подмладокот за укажување прва помош во случај на несреќи,како и водење постојана грижа за здравјето преку здрава исхрана и здрава и чиста средина за живеење. Развивање на чувства за хуманизам, солидарност, сочуство,толеранција и почитување по пат на разновидни игри и работа,а со тоа здобивање на пријатели и развивање на пријателството. Постигнатите знаења и резултати Подмладокот на Црвениот крст  ги спроведува низ познатите традиционални форми за проверка на знаењата и способностите што ги организира Црвениот крст како што се :натпревари, конкурси и други форми на соработка .

СПИСОК НА УЧЕНИЦИ ЧЛЕНОВИ НА ЦРВЕН КРСТ

 

Име и презиме

 

одделение
1 Ема Димитриевска VI  1
2 Јана Благојевиќ VI  1
3 Елма Мемиќ V  2
4 Михаил Стефановски VI  2
5 Нина Ристиќ VI  3
6 Ангела Анѓелкоска VI  3
7 Теодора Велковска VI  4
8 Тијана Антовска VII  1
9 Ангела Чангарлиева VII  1
10 Марија Колевска VII  2
11 Ема Котеска VII  2
12 Наталија Николовска IX  1
13 Елеонора Маркоска IX  1
14 Тамара Алексова IX  3
15 Хена Абдиева IX  3
16 Лука Донев IX  1

Извештај бр. 1

Во текот на месец септември согласно со својата програма ЦК реализира повеќе активности.

Во присуство на предметниот наставник Бранко Атанасоски и одделенскиот наставник Билјана Павичевиќ избрани се членови за ПЦК на ден 09.09.2017 година.

Неделата на борба против ТБЦ и други градни заболувања се одбележа од 18 -22. 09.2017 год.со читање на реферат подготвен од подмлаткарите на  ЦК од  VII одд. со цел оспособување на учениците да препознаат заболен од ТБЦ, како да се заштитат и како се лекува оваа болест.

Денот на срцето  29 септември  е одбележан со читање на реферат подготвен од потмлаткарите на ЦК од седмите одделенија со цел превенција и заштита на срцето од разни заболувања.

Во текот на месец септември во училиштето се спроведе акција за собирање на парични средства наменети за деца на кои им е потребно лекување во странство. Паричните средства ќе бидат дадени на вработена во нашето училиште и ученик од основното училиште „Вера Јоциќ“ во населба Хиподром.

 Одговорни наставници:  Билјана  Павичевиќ,  Бранко Атанасоски

 

Извештај бр. 2

Во текот на месец октомври согласно со својата програма ЦК реализира повеќе активности.

Во втората седмица со пригоден реферат се одбележа Неделата на борбата против дијабетес. Учениците се запознаа со симптомите на оваа болест и како превентивно да се заштитиме.

На 16.10. 2017 година во училиштето беше одбележана Неделата на борбата против гладта. Подмлаткарите на Црвениот крст изведоа акција за собирање на парични средства кои ги донираа наставниците и учениците. Беа собрани парични средства  кои се уплатени на сметката за гладните лица.

Планираната активност за уредување на училишниот двор  беше спроведена преку средување на ходниците и училниците, како и со засадување на разновидни цвеќиња во училишниот двор.       

 Одговорни наставници: Билјана  Павичевиќ , Бранко Атанасоски