Училишна ученичка заедница

          Извештај бр.1

 

Првиот состанок на училишната заедница за учебната 2017/18г. се одржа на 29.09.2017 година, според следниот дневен ред:

1.Конституирање на училишната заедница и избор на претседателство

2.Запознавање со кодексот на однесување, училишниот ред и етичкиот кодекс на оценување на учениците и формирање на ученички комисии за следење на оценувањето

На почетокот на состанокот Учениците беа запознаени со  начинот на кој треба да го изберат раководството на училишната заедница.За таа цел беа формирани комисии кои учествуваа во  изготвување на предлог листа на кандидати за членови на училишната заедница и на еден демократски начин ( по пат на  тајно гласање  со ливчиња ) беше спроведен изборот на претседателсвото на училишната заедница.Притоа беа избрани:

претседател на УЗ  ученикот Леонид Велковски од 9-4, заменик претседател е ученичката Петар Стефановски од 9-2 одд. Членови на претседателството се :

-Јована Ѓорѓиевска -5-1

-Елма Мемиќ -62

– Методија Тасевски -74

-Мила Филиповска 8-3

– Иван  Ивановски-9-3

Заменици се :

– Лука Манољевиќ -5-1

-Ангела Анѓелковска

-Марио Илиевски 7-2

-Ивана Додевска -8-2

-Јован Јанковски 9-3

Потоа учениците беа запознаени со  кодексот на однесување, училишниот ред и етичкиот кодекс на оценување на учениците. Беа формирани   ученички комисии за следење на оценувањето согласно програмата на Тимот за следење и подршка на оценувањето.

Одговорен наставник –  Јасмина Ѓоргиева

 

Извештај бр.2

 

Состанокот на училишната заедница за месец октомври се одржа на 31.10.2017 година, според следниот дневен ред:

  1. Запознавање со кодексот на однесување, училишниот ред и етичкиот кодекс на оценување на учениците и формирање на ученички комисии за следење на оценувањето

2. Насоки за продолжување на процесот на  решавање на тековни  проблеми во паралелките

 

  • На почетокот на состанокот учениците беа запознаени со кодексот на однесување, училишниот ред и етичкиот кодекс на оценување на учениците и формирање на ученички комисии за следење на оценувањето.
  • Беше договорено да има примерок од Кодексот на однесување закачен во аулата на училиштето и на тој начин да им биде секојдневно на увид за потсетување .
  • Во врска со втората точка ,,Насоки за продолжување на процесот на решавање на тековни проблеми во паралелките, беше поразговарано за дисциплината во одделенијата. Беа дадени насоки за изнаоѓање  решение  на тековните проблеми на учениците.
  • Потоа учениците од 6/2 се пожалија дека сеуште им недостасуваат 3 учебници по англиски и еден по историја. А учениците од 8/1 одделение рекоа дека учебниците по географија се многу оштетени  и им недостасуваат по десетина страници.
  • Со тоа беше исцрпен дневниот ред.

Одговорен наставник  Јасмина Ѓоргиева