ЗА УЧЕНИЦИТЕ

Оглас за талентирани ученици

О Г Л А С

За доделување 11(единаесет) стипендии на талентирани ученици

од општинските основни училишта на Општина Гази Баба за учебната 2017/18

 

  1. Услови за доделување стипендии

Право на доделување на стипендија имаат државјани на РМ, кои имаат статус на редовен ученик со следниве услови:

  1. да има постојано место на живеење на територијата на Општина Гази Баба, да не прима кредит, стипендија од друг давател,
  • да е ученик во основно училиште на територијата од Општина Гази Баба
  • листата на приоритет за кандидатите кои исполнуваат услови, ќе ги утврди комисија за одбирање на стипендисти формирана од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба.
  1. Потребни документи

Со пријавата за стипендија учениците се должни да ги приложат следните документи:

  • заверена копија од местото на живеење
  • уверение дека ученикот по прв пат го запишува училиштето во таа учебна година како редовен ученик (оригинал или копија)
  • заверена копија од ученичка книшка,сведителства за учебната 2016/17 год.
  • заверена изјава дека кандидатот не прима стипендија или кредит од друг давател
  • да учествувал и да покажал особен успех и интерес на разни манифестации, проекти и други настани од областа на науката , техниката, културата и уметноста (признаени од МОН) за учебната 2016/17 год.

За сите полнолетни членови на семејството да се достави следното:

  • за вработените потврда за приходи(потврда за висината на последната плата, за пензионерите последен чек од пензија)
  • за невработените, потврда за невработеност(потврда од Агенција за вработување)
  • за невработените кои ги нема во евиденцијата на агенцијата за вработување, потврда на фондот за ПИОМ дека не е осигуран по ниеден основ.
  • право на стипендија можат да остварат само по еден член од семејство (ученик)
  • во случај на ист број на бодови предност ќе има ученикот кој имал освоено повеќе бодови од успехот (просек на оцените)

III. Височина на стипендијата

  1. Височината на стипендијата е 1800.00 ден. месечно со пресметан персонален данок, се исплаќа во текот на месецот за претходниот месец почнувајќи од 01.11.2017 год. заклучно со 01.07.2018 год.
  2. Доколку ученикот добие право на стипендија по овој конкурс не може да добие стипендија од други конкурси.
  3. По доделувањето на стипендијата се склучува договор за стипендирање, со кој по блиску се утврдуваат правата и обврските на корисникот и давателот на стипендијата.

 

  1. Начин и рок на пријавување

Конкурсот трае 10 дена од денот на огласувањето.

Пријавите се поднесуваат во затворен плик со назнака “Пријава на конкурс за стипендија”, “Не отворај” во архивата на општина Гази Баба.

Непотполни и неблаговремени пријави нема да се земаат во обзир

 

Ден кој мора да се памети: 11 Октомври!

„(…) Наша беше потта, плодовите туѓи

О кој веќе да трпи, кој да трае, пати

Та нели сме ние како сите луѓе?!

На душманот еднаш треба да се плати!

И дојде октомври, вкрвавена зора

над Прилеп го плисна црвениот пламен.

Еден истрел – потем зовре сета гора

Глеј борци со пушки зад дрво и камен (…)“

(извадок од песна на Видое Подгорец, посветена на денешниот празник)

Ова е ден кога сите треба да сме горди на визијата, храброста, пожртвуваноста на хероите, нивниот слободарски дух, нивната желба за слобода и независна Македонија.

На 11 октомври 1941 година почна единственото непоразено востание кое претставуваше врвен израз на револуционерните и слободарски тенденции на македонскиот народ и народностите што живееја на оваа територија, обединети во заеднички сон за остварување на национална слобода во независна држава.

11 октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ, е спротивставување на фашизмот, но и борба за самобитност и самостојност на македонскиот народ.

Затоа, сите простум треба да ги чествуваме хероите кои со своите животи се заложија за слободата и ни ја овозможија државноста: Мирче Ацев, Мите Богоевски, Цветан Димов, Раде Јовчевски, Кузман Јосифовски, Елпида Караманди, Стив Наумов, Естреја Овадија Мара, Ибе Паликуќа, Страшо Пинџур, Ванчо Прке, Борка Талески…

НЕЗАБОРАВ И ВЕЧНА СЛАВА ЗА ХЕРОИТЕ,

но и ветување дека стоиме зад нивната жртва и го почитуваме нивното дело.

Подготвил: Б.Б.

Тагови: ослободување 11 октомвр Ден на народното востание фашизам антифашизам

fakulteti.mk©2011 – 2017

ЗАПОЗНАЈ ЈА ТАТКОВИНАТА ЗА ДА ЈА САКАШ ПОВЕЌЕ!

 

 

 

ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ВО МОЖНОСТ ОД РАЗНИ ЗДРАВСТВЕНИ И ДРУГИ ПРИЧИНИ ДА ПОЈДАТ ВО ЖИВО ДА ГИ ВИДАТ УБАВИНИТЕ НА ЛИЦЕ МЕСТО И ДА УЖИВААТ ВО НИВ, ТОА МОЖАТ ДА ГО СТОРАТ ПРЕКУ СТРАНАТА

http://www.360macedonia.com/macedonia/mk/

 

 

ДАЛИ ЗНАЕМЕ КОИ СМЕ – КОЈА Е МАКЕДОНИЈА?

Правиме реклами за странците да ја запознаат Македонија, снимаме скапи спотови а всушност не е до рекламата туку морам да забележам ние Македонците не сме баш добри домаќини. Зошто?
Ако некој странец ве праша што треба да види во Македонија,  имате два или три одговори: Охрид, Маврово. Ако ве праша по што е Македонија на пример единствена во светот знаете ли да кажете???
Колку манастири или цркви имаме? Најголемиот број ќе кажат многу а повеќе од половина не знаат да набројат повеќе од две, а да дадеме патоказ како да стасаат до нив. Е, тогаш странците треба да имаат среќа да налетаат на некој кој знае.
macedonia-e1345671388836
Колкумина од вас биле на беровско или дебарско езеро, струмичките водопади, сте ја виделе ли прекрасната црква во Радовиш, Св. Јоаким Осоговски и куп прекрасни македонски манастири, сте ги посетиле ли археолошките локалитети и стари градови и знаете ли дека во Македонија ги има за извоз?
Еве еден пример,  најскапата колекција монети која е продадена е токму од Македонија и тоа колекцијата пеонски монети кој биле украдени од Македонија а продадени без никакви последици на аукција во големата Сотби аукциска куќа.lesnovski manastirКолку си ја знаеме нашата сопствена татковина, нашата природа, нашата историја, корени? Рекламите на владата изгледа треба прво во Македонија да се вртат по телевизиите а после да одат во светот. Можеби нема да се согласите со мене ама за да го поткрепам тврдењето еве неколку факти за Македонија,  некои познати, но за некои малкумина знаат. Јас до нив доаѓам благодарение на работата која ја работам па стигнуваат до мене вести и информации, но прашувам зошто сум од некои факти запрепастена што ги слушам?.
Одговорот на прашањето дали си ја знаеме Македонија барајте го овие информации.

alsar

Македонскиот рудник “Алшар” на планината Кожув е единственото наоѓалиште во светот на талиум и потенцијален “рудник” на еколошки чиста енергија. Од 2004 год. рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на “Емералд” – мрежа за заштита на природни реткости.
Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини.
Дали сте знаеле дека многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се прокриумчарени од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд и тоа од најниска класа. Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.
Најскапата колекција монети која е продадена е од Македонија и тоа колекцијата пеонски монети кои биле украдени од Македонија, а продадени на аукција во големата “Сотби” аукциска куќа.
– Најславниот од сите римски патишта во најтешкиот свој дел врви низ Македонија, патот – “ВИА ИГНАЦИЈА”.
Пештерата Пешна во Македонски Брод во “Њујорк тајмс” е опишана како идентична на измислените пештери во филмот “Господарот на прстените”.
– Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот со14 морфиски единици. Втор по квалитет е пакистанскиот со 7 морфиски единици, а колумбискиот со околу 3, 5.
r154804_557487
– Во темелите на манастирот “Св. Богородица Пречиста” (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот “Св. Јован Бигорски” како и во манастирот “Св. Георгиј Победоносец” во с. Рајчица, Дебарско.
– Освен Мајка Тереза која е родена во Скопје, друга позната личност која живеела и се школувала во Македонија е и таткото на модерна Турција Мустафа Кемал Ататурк и неговата вечна љубов Битола.
– За татко на модерното воено инженерство се смета Дијад во времето на Александар Македонски измислил низа опсадни машини меѓу кои и катапултот.
grobot zorba– Гробот на славниот Грк Зорба е во градските гробишта во Бутел. Алексис Георгиос Зорба кој бил инспирација за романот “Гркот Зорба” живеел во Скопје имал жена и деца, а во 1942 починал тука.
Најпознатата песна за Палестина е всушност напишана од Македонец. Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напишал песна за Палестина во далечната 1982 год. и ја објавил во весникот “Нова Македонија” и денес истата е своевидна химна на Арапскиот свет.
Анастасие I (Flavius Anastasius) византиски цар (491-518) е најзаслужен за градбите во Македонија – Самоилова тврдина, Маркови Кули, Скопско Кале и.т.н се од Јустинијан I.
Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 – 8000 години. Докази се Неолитската тумба во Чаир, покрај Неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина.
– Музиката во Македонија датира од 11 век.  БОЛОЊСКИОТ ПСАЛТИР е напишан на кирилица во селото Равен Охридско, а во Охридскиот музеј се чуваат нотни писма 14 музички ракописи кои датираат од 10 до 14 век.
cinarot Најстарото дрво во Македонија Платанус Ориенталис во Охрид познато како Чинарот, расте од времето на Св.Климент Охридски во 9 век.
Во манастирот “Св. Ѓорѓија Победоносец” се изработуваат митри кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква, туку и пошироко.Од 2003 година до денеска, монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостоинственици на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Македонија има 34 планини, 53 природни и вештачки езера, најстарото во Европа – Охридското езеро е и најдлабоко на Балканот. Старо е 4 милиони години  во него има 200 ендемски видови кој се со светска важност.
– 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години.
– Првиот светски златен медал на македонски фотографи – Браќата Манаки во 1905 год. во Битола отвараат ново “Студио за уметничка фотографија” и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја 1906 година, каде освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.

macedonia_manaki_brothers

Првата црква, првата покрстена во Европа – Македонката Лидија. 
50 година по Христа, Ап. Павле како пастир на Христијанството сакал да оди во Азија но како што се вели во Библијата и Новиот завет во “Дела апостолски 16.13 – ” пишува: Преку ноќта на Павле му се јави привид : стоеше пред него еден човек, МАКЕДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше : Прејди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни !
Павле тогаш доаѓа во Македонија и основа нови цркви, по градовите – Филипи, Бер, Стоби и Охрид, со што симболично и патот на Павле е во облик на голем крст над Македонија.- Првата железничка пруга на Балканот Салоника – Скопје е изградена во 19-от век.
TITANIC-HISTORY-100YEARS-DISASTER-BRITAIN-SOUTHAMPTON– Еден од преживеаните од бродот Титаник е Македонец. Стојко Додоловски од село Чучер Скопска Црна Гора.

– Според археолозите и геолозите во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот, т.е пред првата ледена епоха. Во околината на Неготино се пронајдени коски, за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од Егејска Македонија е постар дури и од познатиот Неандерталец од Германија, кој се проценува на 30 000 – 100 000 години старост.

Лесновскиот Манастир е Прва монашка република на Балканот. Во него постоело книжовно училиште – “Лесновски скрипторум” и тоа уште од половината на XI век но и калиграфско ( препишувачко) формирано во XIII век. Се до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечни краеви, но и создавани тука на автохтоното македонско подрачје.
lesnovski manastir
Првите карпести гравири создадени во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко поле – Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово и во други краишта на нашата земја….Според  наводите на Емануел Анати од Италија, директор на Светскиот архив за карпеста уметност и на францускиот академик Жан Клод дека Македонија е земја со најголем број ваков вид карпеста уметност во светски рамки. Мрежестите гравири, кои за прв пат беа откриени во местото Лас Мазил, во Франција, во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко поле – Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово и во други краишта на нашата земја.macedonia_kokino– Според НАСА,  Кокино е 4 на листата најстари опсерватории во светот. Останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain, Angkor Wat Cambodia. Но помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години и посовремена од Кокино.
Ова е само мал дел од она што го знаеме или не го знаеме за нашата земја и потекло. Како ќе им раскажуваме на странците по што е Македонија уникатна и прекрасна ако не знаеме ни самите..Како што велеше една кратка кампања на невладиниот сектор.. запознај си ја татковината за повеќе да ја сакаш… !!!!!