Oбука за креирање средина за учење на тема: „Нашата училница – нашиот свет“

Во ноември 2014 година Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“- Македонија потпиша меморандум за разбирање и соработка со Министерството за образование и наука за реализирање на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“. Главна цел на проектот е подобрување на наставата и постигнувањата на математичката и јазичната писменост кај децата од одделенска настава како и зголемување на свесноста за важноста на јазичната и математичката писменост кај децата.
Како дел од проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ од страна на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, во рамки на Компонентата за професионален развој, се организира целодневна обука за креирање средина за учење на тема: „Нашата училница – нашиот свет“. Oваа обука се одржa во просториите на нашето училиште на 12.11.2016. Обуката започна во 09 часот  со времетраење до 16:15. Обуката  ја реализираа обучувачите: Симона Палчевска и Лулзим Адеми.
На оваа обука учествуваа 6 претставници од нашето училиште: Атанасовска Жаклина, Данче Костовска – Јакимовска, Наталија Николовска, Елизабета Георгиевска, Тања Метикош и Даниела Торковска. За прв пат на една ваква обука учествуваа и 5 родители и 5 ученика исто така од нашето училиште.
Целта на обуката е учесниците да се запознаат со креативни активности и техники за креирање на стимулативна средина за учениците и стекнатото знаење да го споделат со останатите наставници во училиштето. За време на обуката една од училниците во нашето училиште беше преуредена од страна на обучувачите и учесниците на обуката.
15032486_126173204528806_816331062_n 15032633_126173297862130_1270885962_n 15050013_126173331195460_223436212_n
viber-image14 viber-image12 viber-image13 viber-image11 viber-image10 6viber-image9 viber-image8 viber-image7 viber-image  viber-image-2 viber-image-1