Прва родителска средба

На 05.09.2017 година ќе се одржи првата родителска средба. За родителите чиј деца посетуваат настава во прва смена родителската средба ќе започне во 18.30 ч.  За родителите чиј деца посетуваат втора смена родителската средба ќе започне во 17.30 ч.

Дневен ред за прва родителска средба

  1. Запознавање на родителите со наставниот план и програмa за паралелката во учебната 2017/18 година;
  2. Поделба на учебници и потпис од родители;
  3. Известување на родителите за ученичкото досие и можноста за увид во истото (I одд)
  4. Избор на родители за претставници во Совет на родители;
  5. Запознавање со училишниот ред и кодексот на однесување на родителите, учениците и наставниците;
  6. Информација за Годишната програма на училиштето за тековната учебна година флаери);
  7. Информација за советување на родителите според „Законот за основно образование“ по член 64;
  8. Известување на родителите за продолжување на собирната акција на стара хартија и пластични шишиња, донирање на цвеќиња и учество во уредување на училиштето-Еко проектот;
  9. Потпишување изјава на родителот за здравствената состојба на ученикот ( I – IX одд. )
  10. Потпишување договор кај одговорен наставник со училишната кујна за Дневен престој;
  11. Потпишување изјава за известување на родителите за додатна и дополнителна настава;
  12. Потпишување на изјава за згрижување на учениците еден час пред почеток на часовите и еден час после завршување на часовите (I – III одд. );
  13. Информирање на родителите за ужинка и потпишување на изјава;
  14. Потпишување изјава за снимање на ученици ( I одд. и сите други што ја немаат);
  15. Информација на родителите за самостојна набавка на ученичките униформи
  16. Договор за обезбедување, осигурување, потребни материјали;
  17. Информирање на родителите дека не се бара од наставникот набавка на работни тетратки по математика или други предмети како и други учебни помагала;