Првачињата и родителите од I – 3 одделение за својата учителка

Учителката  не е само личност која учи само бројки и букви. Учителката  е таа која те учи на животот. И не случајно ја нарекуваат втора мајка. Сигурно ти мисли најдобро. Таа е тука:

-да те пофали кога си направил нешто добро,

-да те охрабри кога си несигурен,

-да те прегрне кога си тажен,

-да те прекори кога нешто грешиш,

-да ти се насмевне како знак дека ќе сочува тајна.

Таа е водач кон непознатото. Личност која е вредна за спомен и почит.

За една од многуте такви личности – учителката Жаки, родителите и учениците организираа работилница. Учениците со помош на родителите изработија заедничка честитка и научија стихотворба со која ја изненадија својата учителка на приредбата која ја организираа за мајките по повод празникот 8 Март.

ЗА НАШАТА УЧИТЕЛКА

Учителке наша мила,

убава си ко горска вила.

Имаш насмевка топла блага,

затоа на сите нас си ни драга.

Секој ден не учиш песни, сказни

и животни вештини разни.

Заедно ни поминуваат дните,

како свои деца не сакаш сите.

This slideshow requires JavaScript.

One thought on “Првачињата и родителите од I – 3 одделение за својата учителка

  1. Анонимен 15/03/2017 at 10:09

    Прекрасно изненадување. Им благодарам на моите вредни првачиња.

Comments are closed.