Општински натпревар по Географија 2019

На Општинскиот натпревар по Географија за Општина „Гази Баба“ – Скопје, учествуваа и ученици од нашето училиште под водство на нивниот ментор Бранко Атанасоски и ги освоија следните места и награди:

Мила Данева – III место  – 95 бода

Алексеј Стојановиќ – I награда – 90 бода

Бојана Петровска – II награда – 86 бода

Сите ученици се пласирани на Регионалниот натпревар. Им посакуваме успех во понатамошните натпревари.

 

Најбезбедно и најчисто училиште – ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје

Министерството за образование и наука информира дека се избрани училиштата на кои ќе им се доделуваат сертификати за „Најбезбедно и најчисто училиште во учебната 2017/2018 година”. Од страна на МОН беше распишан Јавен повик за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште“ со бр.12-14904/1 од 14.12.2017 година а истиот беше објавен и на веб страната на Министерството за образование и наука. На Јавниот повик аплицираа вкупно 15 училишта од кои 11 основни училишта и 4 средни училишт

Комисијата составена од претставници од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Центарот за средно образование и обука и Министерството за внатрешни работи, по разгледувањето на пристигнатите апликации и извршениот увид во самите училишта, ги избраа и добитниците, и тоа

–          Во категоријата основни училишта:

ООУ„Дане Крапчев“ од општина Гази Баба – прво место

ООУ„Кочо Рацин“ од општина Петровец – второместо

ООУ „Наум Охридски“од село Булачани, општина Гази Баба – трето место

–          Во категоријата средни училишта:

СОУ„Ѓорче Петров“ од општина Крива Паланка – прво место

СОУ Гимназија „Панче Арсовски“ од Скопје – второ место

СУГС „Владо Тасевски“ од Скопје – трето место

This slideshow requires JavaScript.

 

ПРОДАЖБА НА НОВОГОДИШНИ УКРАСИ, ЧЕСТИТКИ И ДРУГИ ИЗРАБОТКИ

На 24, 25, 26.12. 2018 год.  на големиот одмор и меѓу смените во нашето училиште се одржа продажба на новогодишни украси, честитки и други изработки во соработка со родителите на нашите ученици. Секој актив учествуваше со своите изработки и истите ги купуваа ученици и вработени. Собраните средства ќе се употребат за потребен училишен материјал и прибор за работа со учениците.

Новогодишни работилници

Во периодот од 10-19.12.2018 год. се одржаа новогодишни работилници за изработка на новогодишни украси и честитки во соработка со родителите. Исто така се украсуваа и училниците, ходниците и холот. Целта на заедничката работилница е да се вклучуваат родителите во животот и работата на училиштето како и активно учество на родителите во воннаставните активности на училиштето.