Голема Еко акција во училишниот двор на ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје

Оваа седмица на инцијатива од  нашиот  Еко-тим во соработка со Јавното Комунално Претпријатие „ Гази Баба 2007” се спроведе  голема Еко-акција. Акцијата опфати  расчистување на отпадот расфрлен во задниот дел на училишниот двор  од страна на несовесни граѓани.

Со помош на механизација на ЈКП „Гази Баба 2007“ се расчисти оргомна количина на отпад на кој местото не му е во нашиот училишен двор.

Сакаме да апелираме до сите граѓани кои гравитираат низ нашиот двор дека тој е место за рекреација и дружење на нашите ученици , а не депонија !!! Несоодветно одложениот отпад е опасен за здравјето на сите нас!

Во иднина се надеваме дека нема да има потреба од ваков тип на акции , а вооедно сакаме да искажеме јавна благодарност за помошта од ЈКП “Гази Баба 2007”.

И за крај една убава вест – Пред училишниот влез засадени се четири зимзелени садници од видот Туја-смарагд кои ќе придонесат за разубавување на амбиентот.

Грижата и негата за садниците е заедничка одговорност!

ЕКО – тим

Активности на Eко – тимот за месец ноември

Во месец ноември ЕКО тимот на нашето училиште ги реализраше следните активности:

Продажна акција за здрава храна – Активот на IX одд. oдржа продажна акција на мандарини, jаболки и други есенски плодови со која се обиде да ја потикне свеста на учениците за конзумирање на повеќе овошје во есенскиот период.

Тековно одржување на саксиските цвеќиња во училиштето и нивно полевање со дождовница,чистење на училишните простории .

Во два наврати во овој месец се спорведе  еко акција за средување на училишниот двор . Во акцијата беа вклучени членовите на еко тимот, учениците од еколошката секција и членови од тимот “Црвен Крст “.

Акцијата имаше за цел да се расчисти училишниот двор од листови и отпад .

Исчистени беа жардињерите и отстранета беше сета вегетација која беше исушена, а сезонските и зимзелените садници беа окопани и потхранети.

Континуирано се спорведуваат акции за собирање на пластична амбалажа, стара хартија и е-отпад кои се доставуваат до “Пакомак “ и др. компании кои ја вршат оваа дејност.

Сакаме да Ве потсетиме и охрабриме доколку имате отпад од овој тип, стара хартија, пластична амбалажа и нефункционални електронски уреди да ги донесете во нашето училиште за истите да завршат на соодветно место без да и нашететат на околината. Акциите се одвиваат секојдневно!

ЕКО – тимот