Екологистите во акција

This slideshow requires JavaScript.

Реазлизација на активности по повод Светски ден на чистење Нашето училиште ООУ “Дане Крачев”, Гази Баба спроведе акција за чистење на училишниот двор од смет кој зад себе го оставаат несовесните граѓани. Собрани беа околу 10 црни вреќи мешовит отпад. Учениците од еколошката секција најпрво го собраа отпадот од зелените површини, а потоа ги отстранија остатоците од суви лисја и растенија. Засадените дрвја и жардињерите се окопаа и исплевија, со што започнаа подготовките за eсенско засадување на сезонски цвеќиња. Во училишната зграда учениците исто така спроведоа акција за расчистување и се погрижија за саксиските цвеќиња кои беа окопани и наводенети.

Литературен конкурс на тема:,,Егејска Македонија,,

41709925_276945133151089_638051163148648448_n

На 11.09.2018 г. во Средното фискултурно училиште во Скопје на учениците Павел Наневски 8-3 одд,  Ангела Богатинова 8-3 одд. и Лорина Јакимовска од 7 одд. од страна на Заменик министерот за образование проф. Петар Атанасов им беа доделени пофалници, плакети и ваучери од ,,Матица Македонска,, за учество на литературниот конкурс на тема ,,Егејска Македонија,, Литературниот конкурс се одржа во рамките  на Петтата светска средба на децата бегалци која се одржа од 19 – 22 јули 2018 г. во Скопје. Овој литературен конкурс беше организиран од Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во соработка со МОН. Честитки за учениците и им посакуваме уште многу успеси во иднина. Ученици браво!