Денес се слави Рамазан Бајрам

 

Светиот месец Рамазан е муслимански празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар. Се верува дека во текот на тој месец светата книга – Куранот му бил откриен на Архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед. Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болни. 

Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвараат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови – милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии – духовна, морална, солидарна и здравствена.

Еден од најбитните настани во текот на овој месец е постењето (савма). Секој ден во текот на месецот Рамазан, Муслиманите низ светот стануваат пред изгревот на сонцето да јадат Сухоор, оброк пред зората, и обавуваат фаџар (fajr) молитва. Сите мора да имаат завршено со јадење и пиење пред да започне повикот за молитва (езан) па се до четвртата молитва од денот, магриб (залез). Муслиманите може да продолжат да јадат и пијат по залезот на сонцето, па се до следниот фаџар (повик за молитва). Рамазан е време за обожување на Бог. Муслиманите треба да посветат повеќе време и внимание врз следењето на исламските учења и да избегнуваат лоши мисли и нерелигиозни разговори. Размислување и имање секс во текот на постот исто така се забранети. Насилството, освен ако тоа навистина е потребно е забрането исто така (Коран 2:187). Една од најважните карактеристики на месецот е чистотата на мислата и активностите. Постот има за цел да го продлабочи искажување на почит и воспевањето на името на Бога, со што и самите верници стануваат поблиску до бога.

Единствено од постот може да бидат „оправдани“ старите, болните и безумните/лудите, иако првите две групи мора да дадат напор секојдневно да исхрануваат барем еден сиромашен верник. Исто така исклучок може да бидат бремените жени, жените во периодот на менструација и доилките. Сите ги надокнадуваат деновите во кои не постат отпосле. Децата не се обврзани да постат, сепак многу деца се обидуваат да постат колку што е можно повеќе пати во текот на детството, во тоа им помагаат нивните роднини. На крај, патниците се исклучени од обврската на постот, но исто како и другите, по нивното патување мора да надокнадат за пропуштените денови на пост.

По триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански бајрам, кој се смета за голем празник во исламот. Почетокт на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар.

Муслиманите во Република Македонија, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз.

Кај муслиманите Бајрам се честита со зборовите „Бајрам шериф мубарек олсун“, што во превод значи „Нека е благословен племенитиот Бајрам“.

Одговорот е: Алах рази олсун (Нека Алах биде задоволен од тебе).

Во текот на бајрамските празници муслиманските верници се посетуваат и го честитаат празникот на своите најмили, на роднините, соседите и пријателите.

На сите ученици и нивните родители од исламската вероисповед им го честитаме празникот и посакуваме да го празнуваат во мир, радост љубов и среќа!

Превземено од   https://www.fakulteti.mk/news/15062018/deneska-se-slavi-ramazan-bajram

Правилна исхрана – одлична иднина

Дружбата и активностите продолжија на 07.06.2018г. во нашето училиште “Дане Крапчев’. Учениците раскажуваа за поминатите случки и впечатоците од заедничките посети на Земјоделскиот факултет, во фабриката Виталија, Зелениот пазар. Дискутираа за здравата храна и она што го осознале. Потоа од набавените зеленчукови и овошни плодови, различни по вид, учениците приготвија овошни и зеленчукови салати според различните рецепти, онака како што правеле нивните мајки или по рецепти. Додека ги приготвуваа салтите појаснуваа каде најмногу успева плодот, кои витамини ги содржи и сл. Подготвија прекрасна трпеза. Вредните раце на учениците ги наполнија кошниците со овошје и зеленчук и се упативме кон СОС Детско село. Беа пречекани од нивните соученици – штитеници на СОС Детско село. Дружбата продолжи.

 

This slideshow requires JavaScript.

 

 

 

Изложба на изработки по Природни науки и Биологија

На 05  и 06.06.2018 во училишниот хол пред кабинетот по биологија беше поставена изложбата на дел од  изработките од учениците од V до IX одделение по предметите  Природни науки и Биологија. Изложбата имаа можност да ја посетат учениците од нашето училиште и нивните родители.

Предметни наставници: Душанка Китановска и Бојана М. Личева

This slideshow requires JavaScript.

Правилна исхрана – одлична иднина

Продолжуваме со реализација на проектот: ,,Правилна(здрава)исхрана-одлична иднина“  во рамки на МИО по добиениот Гранд од МОН.  Учениците од ООУ,,Дане Крапчев,, и ООУ,,25 Мај,, беа во заедничка посета на ВИТАЛИЈА – Фабрика за производство и преработка на здрава храна. Поминавме еден прекрасен ден во дружење и запознавање со процесот на преработка, производство и пакување на здрави производи од „Виталија“.

This slideshow requires JavaScript.

Посета на „Зоолошката градина“- Скопје

На 07.06.2018 г. учениците од II одд. заедно со нивните наставници реализираа посета на „Зоолошката градина“- Скопје и на „Природонаучниот музеј Македонија“ – Скопје. Во овој период по предметот природни науки  се изучуваше темата ,,Растенијата и животните околу нас ”. Учениците преку оваа посета имаа можност  да ги прошират своите знаења за  животните  и растенијата и  да уживаат во меѓусебното незаборавно дружење во зоолошката градина.

This slideshow requires JavaScript.

Еко пакет Македонија 2018

На 06.06.2018 по повод Светскиот ден на животната средина во просториите на Младински културен центар – Скопје беше организирана завршната изложба од наградниот конкурс ,,Еко пакет Македонија 2018 “ На изложбата беа изложени уметнички дела од училишта од цела Македонија. Нашето училиште учествуваше со три уметнички дела израбоетени од тетрапак амбалажа: Еко кајак, Еко воз и Еко камион. На настанот беа присутни учениците од второ одделение со одговорниот наставник Билјана Трајановска, ученици од трето одделение со одговорниот наставник Данче Костовска-Јакимовска и одговорниот наставник на овој проект наставникот по биологија Бојана М. Личева. Задоволство беше да се присуствува на настанот, да се видат голем број креативни уметнички дела изработени од тетрапак амбалажа од ученици од цела Македонија и да се споделуваат искуства за начинот на кој биле создавани делата. Првото Место му припадна на уметничкото дело ,,Автобус” изработено од ученици од ООУ ,, Никола Петров Русински” – Берово. Специјална награда од 6 велосипеди за учениците и наставникот беше доделена на тимот кој реупотребил најмногу отпад и изработил најкреативен велосипед. За сите учесници и наставници во овој проект беа доделени сертификати. Во прилог фотографии од настанот.

This slideshow requires JavaScript.

Излет – „Пеленица“

На 26 и 27.05.2018 година беше изведен еднодневен излет во месноста “Пеленица“ во близината на Скопје. На излетот учествуваа учениците од II до IX одд.  Учениците имаа можност да другаруват да спортуваат и да поминат неколку часови на чист воздух.

This slideshow requires JavaScript.

Mеѓуетничка интеграција и толеранција

Правилна (здрава) исхрана – Одлична иднина

Пирамида  на здрава исхрана

На 23.05.2018г. продолживме со активностите предвидени во рамки на проектот Правилна исхрана-Одлична иднина по добиениот ГРАНД од МОН преку проучувања за производството и  дистрибуцијата на здравата храна и  посета на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје каде учениците од двете училишта имаа можност да следат презентација и предавање за здрава исхрана од Доц.д-р Фросина Бабановска Миленковска која работи како професор на факултетот.Активностите продолжија со посета на овоштарник каде се запознаа со начинот на одгледување на разни сорти овошки кои виреат на нашето поднебје.

This slideshow requires JavaScript.