Едукативна работилница за хигиена на рацете и бон-тон при кашлање и кивање

На 30.04.2018 година (понеделник) во нашето училиште ООУ,,Дане Крпчев,, беше одржана ,,Едукативна работилница за хигиена на рацете и бон-тон при кашлање и кивање,, за учениците од I и IV одделение од страна на Клиничката болница Аџибадем Систина.

Целта на оваа работилница беше преку практични вежби децата да се научат на правилна хигиена на рацете во точно време и на правилен начин. Преку брошури и краток танц беа претставени техниките за хигиена на рацете, а беше прикажана и кратка видео презентација со цртан филм со цел да се објасни ширењето на инфекциите и потребата за хигиена на рацете и бон-тонот при кашлање и кивање.

По работилницата, на децата  им беа поделени дипломи за успешно завршен курс по Хигиена на рацете и бон-тон при кашлање и кивање, свежо овошје и вода.

Даниела Торковска

This slideshow requires JavaScript.

Резултати од Регионален натпревар по биологија и природни науки 2017/2018 год

На Регионалниот натпревар по Биологија и Природни науки одржана на 15.04.2018  учествуваа ученици од одделенска и предметна настава и ги постигнаа следните резултати:

V одд.

Мила Данева , Бојана Петровска, Алексеј Стојановиќ и Марија Стојановска – III награда

VI oдд.

Анастасија Тодевска III  награда

VII oдд.

Методија Тасевски III награда

Ментор на учениците од V,VI и VII одд   Бојана М. Личева

 

VII одд

Маја Стојановска – пофалница

Ивана Додевска – пофалница

IX одд.

Матеј Трајчевски – III награда

Ана Тасева – III награда                                

Ментор на учениците од V,VIII и IX одд  Душанка Китановска                            

 

Целосните резултати се објавени на официјалните web страници

http://prirodni-nauki-natprevari.blogspot.mk/

https://biologija.yolasite.com

Честитки за постигнувањата.