НАГРАДИ НА ЛИКОВЕН КОНКУРС

На ликовниот конкурс “Скопје се смее”, по повод 1 Април – Денот на шегата, а во организација на ДКЦ “Карпош”, учествуваа ученици од нашето училиште од V до IX одделение. Со свои изработки на тема “Првоаприлска маска” се претставија десетина ученици. Маската што ја изработија ученичките Јана Стоилевска и Михаела Стојменовиќ освои 2 награда и маската на Сара Јосевска 3 награда. Останатите учесници добија дипломи за учество. На доделувањето на наградите можеше да се види и изложбата од сите пристигнати маски од училиштата во Скопје.

Честитки за сите учесници, а посебно до наградените. Еве неколку фотографии од доделувањето на наградите и од приемот кај Директорката.

This slideshow requires JavaScript.

УПИС НА ПРВАЧИЊА

Почитувани родители !!!

Основното училиште ,,Дане Крапчев,, од 02.05.2018 до 31.05.2018 година ќе врши упис на ученици во прво одделение. По тој повод на ден 30.04.2018 година од 8:00 до 16:00 часот ги покануваме сите заинтересирани родители чии што деца ќе бидат првачиња да го посетат нашето училиште се со цел за да се запознаат со училиштето, начинот на работа и организираност, наставниците и стручните соработници.

Во прво одделение ќе можат да се запишат оние деца кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години, односно родени до 31 декември 2012 година.

По барање од родител и добиено мислење од училишниот педагог или училишниот психолог во прво одделение ќе можат да се запишат и деца родени до 31 јануари 2013 година.

Покана за упис може да добиете од училишниот педагог или психолог во училиштето или да се јавите на тел.бр. 02525-292

За упис во прво одделение за деветгодишно образование потребни се следниве документи :

  1. Извод од матична книга на родени, може да биде постар од 6 месеци ( оргинал на увид и фотокопија);
  2. Лекарска потврда за задолжителните примени вакцини;

Напомена : потврдата издадена од детско одделение е бесплатна, а од матичен лекар се наплатува 300 ден

  1. Потврда од стоматолог ( издадена од Поликлиника Ченто а не од приватен стоматолог);
  2. Лична карта од двајцата родители на увид.

Ве известуваме дека во училиштето се организира и дневен престој.