Проект на УСАИД ,, Зајакнување на социјалната кохезија “- Спортски игри

Среда, 18.04.2018 година во нашето училиште беа спроведени спортски активности како дел од проектот на УСАИД   ,, Зајакнување на социјалната кохезија “ во Р.Македонија . Целта на проектот е да ја зајакне меѓуетничката интеракција меѓу  децата и да го унапреди меѓукултурното образование.

Во спортските активности кои траеа 120 минути учествуваа 75 ученици од трето одделение од ООУ ,,Дане Крапчев” и ООУ,, 25 Мај ” – од Скопје.

Учениците од двете училишта , а и наставниците заедно со нив добија можност да се дружат –  учениците   заедно да се радуваат на  успесите во игрите, а наставниците да разменат професионални  искуства.

Колкава беше радоста и задоволството кај учениците ќе можете да погледнете од  приложените фотографии .

This slideshow requires JavaScript.

ТРЕТО МЕСТО НА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР – Француски Јазик

 

На 14 април 2018 во просториите на ООУ “Димитар Миладинов” се одржа регионалниот натпревар по француски јазик за девето одделение.

Ученикот Владимир Грујовски од 9/4 одделение го освои третото место а на државниот натпревар се пласираа и учениците Мартин Трајчевски од 9/1 и Сара Атанасовска од 9/4.

Им честитаме за овој  успех и им посакуваме многу среќа и успех на државниот натпревар кој ќе се одржи на 28.04.2018 на Филолошкиот факултет во Скопје

Наставник ментор – Анета Митевска

Посета на општина Гази Баба

Учениците од четврто оделение на 03.04.2018 година беа во посета на Општина Гази Баба.

Целта на посетата беше учениците да се запознаат со функцијата градоначалник и други вработени во општината.

Беа топло пречекани од страна на градоначалникот Борис Георгиевски кој ги  запозна со функцијата градоначалник и со други вработени во општината и нивните работни задачи.

Јавно се заблагодаруваме на поканата,срдечниот прием и пречекот.

This slideshow requires JavaScript.

Од спроведена активност за изработка на уметничко дело од селектирана Тетра Пак амбалажа на тема ,,Зелен транспорт “- III одд.

Оваа учебна 2017/2018 година нашето училиште е вклучено во Проектот Еко пакет, кој  е наменет за развивање на свеста и значењето на одговорното однесување кај учениците, наставниците, вработените во училиштето и родителите, преку собирање и селектирање на употребената Тетра Пак амбалажа од млекото, јогуртот и соковите.

За таа цел во месец март активот на   III  одделение формира тим од ученици , наставници  и родители кои на 02.04.2018 организираа работилница за изработка на уметничко дело од селектирана Тетра Пак амбалажа на тема „Зелен транспорт“.

  На работилницата од 35 тетрапак амбалажи  од  сокови од еден литар,                                 20  капачиња и  1 метар коноп беше изработен кајак.

Со изработениот кајак активот на трето одделение ќе учествува на училишниот избор за три  најдобри уметнички дела.

Избраните дела  ќе учествуваат на националниот конкурс „Еко пакет Македонија“ .

Убедени сме дека со селектирање на употребената Тетра Пак амбалажа ја намалуваме количината на отпадот во депониите, го намалуваме загадувањето на животната средина и ги зачувуваме природните ресурси.

Со оглед на тоа што  изработката на  уметничкото дело помина во позитивна атмосфера , смеа, другарство ,соработка, надополнување на креативноста , со нетрпение го очекуваме училишниот избор и се надеваме на успех.

Актив на трето одделение

This slideshow requires JavaScript.

Еко пакет – Работилница „Зелен превоз“ – IV одд.

Во месец март активот на четврто одделение ја реализира планираната активност „Еко пакет „ на Македонија.

Имено  најнапред се формира тимот  и се договори датум за работилницата. Истата се реализира на 22.03.2018 год. Целта беше да се изработи уметничко дело од употребената и селектирана Тетрапак амбалажа.

Работилницата се реализира со голем ентузијазам од страна на учениците и родителите. Во работата покажаа доста креативност и умешност и создадоа две уметнички дела под мотото Зелен превоз.

Работилницата помина во ведар дух и позитивно расположение.

 

This slideshow requires JavaScript.

 

Одговорен наставник:  Јованка Грујовска

 

Резултати од Регионален натпревар по хемија во 2017/2018 год.

 

На 24-03-2018 г. во Институтот по хемија се одржа Регионалниот натпревар по хемија. На  овој натпревар учествуваа ученици од осмо и деветто одделение  и ги постигнаа следните резултати:

 VIII одд.

Петар Здравевски VIII-4 – III награда

Катерина Илиевска VIII-1  –Пофалница

 IX одд

Сања Филиповска IX-3 – III награда

Матеј Трајчевски IX-1 – III награда

Пласман на Државниот натпревар по хемија кој ќе се одржи на 06.Мај освоија Сања Филиповска и Петар Здравевски

 

                                                                  Ментор на учениците Елена Томевска