ПРВО МЕСТО НА ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР

На 23 Март во салонот 1919 се одржа Франкофонска вечер во организација на Здруженито на професори по француски јазик и Националната комисија за Франкофонија од МОН. Во оваа пригода свечено беа доделени наградите од државниот натпревар по француски јазик за осмо одделение.

Нашата ученичка Катерина Илиевска од 8/1 одделение  освои Прво место.

На Кате ѝ честитаме за овој огромен успех и ѝ посакуваме уште многу успеси во животот

Наставник ментор – Анета Митевска

This slideshow requires JavaScript.

Државен натпревар по Информатика

Оваа година за прв пат во организација на Здружението на информатичарите на Македонија беше организиран државен натпревар  по Информатика – информатичко размислување за учениците од IV и V одделение. Нашиот претставник во категоријата за IV одд. Никола Наумов го освои третото место. Честитки!