Одбележување на 21 Март –Ден на пролетта , ден на ЕКОЛОГИЈА

Еко тимот на нашето училиште спроведе низа активности со кои го одбележа Денот на екологијата.

Активностите беа разновидни ,но со иста цел – Да се потикне свеста за важноста на задрава и чиста животна средина.

Првата активност која ја направија учениците беше засадување на 60 корени сезонски љубичици во училишниот двор и уредување на жардињерите.

Ги уредивме и саксиските цвеќиња, а изработивме и и истакнавме еко пораки за заштеда на енергија, вода и чување на околината . Пораките ги истакнавме на видни места низ училиштето.

Во училишниот хол истакнавме ликовни творби на тема “Природа” , а изложивме и дела изработени од рециклирани материјали.

Денеска не’ изненади снежното време, но ние не се откажавме и продолживме!

Централна активност беше едукативно предавање на тема Учиме за цвеќињата”.

На ова предавање учениците се запознаа со правилната нега и грижа за најчестите цвеќиња во нашите дворови , а се запознаа и со начинот на одгледување на цветни растенија во оранжериски услови. Во улога не предавач беше ученичката Андријана Антовска од VII oдд.  која ја изработи оваа презентација со стручна помош на оранжеријата  “Лале”.Учениците не само што се информираа за одржувањето на растенија туку се запознаа и со целиот процес на подигнување на растенијата од семе,начинот на одржување на соодветни услови во оранжериите и со системот за полевање на принципот капка по капка.

Следна активност која ја реализиравме беше одбележување на Светскиот ден за заштита на водите.Носители на оваа активност беа учениците од дневен престој.Тие изработија пано и еко пораки преку кои го пренесоа апелот за важноста на штедењето на питката вода. Пораките ги поделија на локалното население, сооучениците и вработените во нашето училиште.

И на крај да Ве потсетиме дека собирна акција за отпад (пластика,хартија и е-отпад) е во тек.Отпадот ќе се собира секој ден до петок во двете смени !!!

Активностите продолжуваат веднаш штом се подобрат временските прилики…

This slideshow requires JavaScript.

Кошарка

Денес, 22.03.2018, во спортската сала  „М.А. Ченто“ а во организација на нашето училиште се одржа Државното првенство во кошарка за женски од основните училишта.

Федерацијата на училишен спорт на Македонија  искажа задоволство од успешната  организација на  првенството.

Многу сме горди на нашите  кошаркарки кои го заземаа третото место.

ПЛАСМАН

🥇1 место ОУ ,,Јосип Броз Тито” – Струга
🥈2 место ОУ ,,Ванчо Прке” – Делчево
🥉 3 место ОУ ,,Дане Крапчев” – Скопје
🏅4 место ОУ ,,Кузман Шапкарев” – Скопје

20 март- Меѓународен ден на Франкофонијата

Над 270 милиони франкофони на петте континенти во текот на месец март го слават францускиот јазик преку разни конкурси за пишување состави, поеми, литературни средби, преку приредби, филмски фестивали, гастрономски настани, уметнички изложби…

И нашето училиште се приклучува кон прославата на Франкофонијата.

На 21 март, во училницата по француски јазик, се одржа презентација за Франкофонијата во светот, а потоа преку интерактивен квиз учениците низ забава ги проверија своите познавања но и научија нешто повеќе за Франкофонските земји и нивната култура.

На 30 март ќе продожиме со франкофонски игри, а во следниве три седмици и талентите за уметност ќе творат на тема Франкофонија. Активностите ќе ги заокружиме со учество со заедничка приредба со повеќе основни училишта во Скопје каде ќе бидат изложени и цртежите од наште уметници.

This slideshow requires JavaScript.