ПОСЕТА НА ЧАС ОД ЕКСПЕРТИ ОД КЕМБРИЏ И БРО

На 16.03.2017 (четврток) , нашето училиште ООУ “Дане Крапчев” – беше посетено од експерти од Cambridge (Алисија и Ален) , и советници од биро за образование. Дел од нив присуствуваа на час во V- 1 одделение , кај одделенскиот раководител Даниела Торковска. Истите присуствуваа на час по математика ,  наставната содржина беше „Собирање и одземање на повеќецифрени броеви“ – вежби. Учениците работеа во парови , во групи и самостојно на дадените активности. Тие во рамките на групата со помош на картички формираа броеви , кои  потоа ги собираа или одземаа , a за истите во Т- табела правеа проценка на резултатот , а потоа го пресметуваа точниот резултат. Во парови составуваа задачи со собирање и одземање со помош на броевите дадени во магичен квадрат , ги проверуваа и споредуваа свoите решенија. Работеа и самостојно на наставен лист по нивоа , каде што по завршувањето на времето предвидено за работа , вршеа проверка на точноста на решенијата со помош на модел на точни решенија , и на крајот се самооценуваа , според направена табела. Учениците требаше и усно да образложат како дошле до одредени решенија на проблемските задачи , на кој начин постапувале. Целите на часот беа постигнати , активностите кои беа предвидени беа успешно реализирани , а доказ за тоа се резултатите кои учениците ги покажаа за време на часот. За текот на часот , активностите предвидени за учениците , употребата на техники и манипулативи , инструкциите давани од страна на наставникот  и работната атмосфера, беа искажани само пофални зборови за наставничката Даниела Торковска и нејзиното V- 1 одд. од страна на експертите од Кембриџ и советничката од бирото за образвование.

Даниела Торковска

This slideshow requires JavaScript.

СОРАБОТКА СО ЦЕНТАРОТ ЗА СПОРТ И СПОРТСКИ РАЗВОЈ “Hit & Run”

На 14.03.2017 (вторник) во фискултурната сала на ООУ “Дане Крапчев” , Центарот за спорт и спортски развој “Hit & Run” одржа кратка презентација на нивната работа. За учениците   од I – V одделение беа организирани полигони и штафетни игри кои на забавен начин создадоа таква атмосфера што на крајот од активностите децата не беа ни свесни колку корисна и сериозна работа одработиле, исполнети со позитивна енергија, поттикнати од смеата, натпреварувањето и меѓусебното бодрење. Основната задача беше создавање на интерес и љубов кон здравиот живот и спортот уште од најрана возраст. Активностите беа водени од дипломирани професори и тренери на Факултетот за физичко образование спорт и здравје.

Даниела Торковска

This slideshow requires JavaScript.