НОВОГОДИШНА РАБОТИЛНИЦА СО РОДИТЕЛИ ВО I -3 одд.

На 09.12.2016 год. со почеток во 17.00 часот во училницата на I-3 одд. беше реализирана новогодишна работилница.

Работилницата беше планирана и организирана од одделенскиот наставник Жаклина Атанасовска, учениците и нивните родители, со цел – изработка на новогодишни украси и украсување на училницата.

На работилницата присуствуваа 11 родители и 10 ученици. Во текот на истата во пријатна атмосфера и ведро расположение, во траење од два часа беа изработени поголем број декоративни украси кои беа поставени во училницата.

На општо задоволство, училницата е прекрасно украсена и учениците ќе имаат можност да престојуваат во прекрасен новогодишен амбиент.

 

Одделенски наставник на I -3 одд.

Жаклина Атанасовска

This slideshow requires JavaScript.

Почитувани родители!

Во текот на оваа седмица, одделенските наставници ќе организираат работилници за новогодишно украсување на училниците. Ве повикуваме активно да се вклучите и воедно да придонесете за пријатниот амбиент во училиштето.

Во периодот од 26.12.-30.12.2016 г. повторно се планираат активности во рамките на Проектот – Меѓуетничка интеграција и тимот за Родителска соработка. Активноста е под наслов  МУЛТИЕТНИЧКА ПРЕДНОВОГОДИШНА ТРПЕЗА . Предновогодишната трпеза ќе ја подготват родителите и наставниците со тоа што ќе приготват традиционални национални  јадења.  Учениците и родителите гости ќе имаат можност да ги вкусат јадењата и да се запознаат со начинот на нивното приготвување.  Поблиски информации за овој настан ќе добиете од одделенските наставници.

Ве повикуваме масовно да се вклучите и да поминете пријатни мигови со Вашите деца и наставниците!