Натпревар – Дабар

Дабар е интернационален предизвик (еден вид натпревар), наменет за ученици од основните и средните училишта (почнувајќи со 3то одделение), кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Истиот се организира во повеќе држави, и е еден од најпопуларните натпревари во светот. Во продолжение се дадени неколку информации поврзани со натпреварот, правилата, начинот на регистрација и учество, како и државите кои земаат учество во овој натпревар.

Инаку, како идеја, Дабар има добиено повеќе награди на европски и светски конференции. Последната од нив е добиена на Европскиот самит за компјутерски науки, каде Дабар ја доби наградата “Informatics Europe Best Practices in Education”. Со цел да ја промовираме оваа активност и во Република Македонија, се надеваме на поддршка од сите основни и средни училишта во Македонија. На тој начин, заедно можеме да ги промовираме компјутерските науки кај учениците, со што ќе придонесеме за нивниот развој како и развојот на нашата држава.

И нашето училиште се вклучи во овој меѓународен натпревар. Во натпреварот земаа учество наставниците: Марина Пејковска, Лиле Сарваноска, Виолета Стоилевска, Елизабета Георгиевска, Гордана Павлова и Тања Метикош.

На натпреварот учествуваа 70 ученици од нашето училиште од IV, VI, VII, VIII и IX. Најдобар резултат со освоени 90 поени имаа учениците Мартин Илиевски и Методија Тасевски, учениците: Дамјан Ѓорѓиевски, Христија Змејкоски, Елеонора Маркоска и Дона Тасева освоија 80 поени. Со освоени 70 поени натпреварот го завршија учениците: Петар Георгиевски, Дарио Ристовски, Теона Димишковска, Харис Расими, Јане Ѓорѓиевски и Матеј Трајчевски.