Изложба на изработки по Природни науки и Биологија

На 05  и 06.06.2018 во училишниот хол пред кабинетот по биологија беше поставена изложбата на дел од  изработките од учениците од V до IX одделение по предметите  Природни науки и Биологија. Изложбата имаа можност да ја посетат учениците од нашето училиште и нивните родители.

Предметни наставници: Душанка Китановска и Бојана М. Личева

This slideshow requires JavaScript.

Катче за чиста вода- проект на Општина Гази Баба

Општината Гази Баба обезбеди буџет за набавка и поставување на филтри за вода во јавните институции. Три основни училишта и три градинки се опфатени во овој проект, меѓу кои и нашето училиште .

Согласно динамиката на проектот денеска се поставија филтрите во ООУ „Дане Крапчев, со што нашите ученици ќе добијат поквалитетна питка вода .

Училиштето го посети градоначалникот на општината Г-н Борис Георгиевски кој ги поздрави учениците и го претстави проектот.

Исто така за учениците беше одржано едукативно предавање за значењето на питката и квалитетна вода за човечкото тело.

Чешмата со филтерот за прочистување е достапна за употреба на учениците .

Препорачуваме учениците од хигиенски причини водата да ја полнат и конзумираат во шишиња и чаши за лична употреба.

This slideshow requires JavaScript.

Избор за за најдобри изработки од тетрапак амбалажа

На ден 30-04-2018 во нашето училиште се одржа избор за за најдобри изработки од тетрапак амбалажа во рамките на проектот ЕКО пакет-Македонија.Teмата на која учениците твореа беше Зелен тарнспорт

Им честитаме на победниците кои одат на националниот конкурс во мај.

Сите изработки ќе бидат  изложени во училишниот хол до крајот на утрешниот ден. 

Благодарност до сите наставници,ученици и родители кои се влучија во активностите во рамките на проектот

Освоено ПРВО МЕСТО на училишен натпревар

Наслов на уметничко дело KAJAK

 

Ментор: Данче Костовска-Јакимовска
Име и презиме  на ученикот Одделение
1.       Максимилијан Стојчев Трето одделение
2.     Давид Арнаудов Трето одделение
3.      Мики Величковски Трето одделение
4.     Стефани Настева Трето одделение

Освоено ВТОРО МЕСТО на училишен натпревар

Наслов на уметничко дело EKO-МЛЕКО

Ментор:Гордана Павлова
Име и презиме  на ученикот Одделение
1.Марио Јовчевски V
2.Теодора Цветковска V
3.Јована Деаноска V
4.Стефан Јанкоски V
5.Кристина Тасева V

Освоено ТРЕТО МЕСТО на училишен натпревар

Наслов на уметничко дело СОЛАРЕН ВОЗ

Билјана Трајановска
Име и презиме  на ученикот Одделение
1.Јана Павловска II-4
2.Софија Мијалковска II-3
3.Матеј Митрески II-2
4.Марија Спасовска II-1
5.Павел Доневски II-1

 

Државно првенство во гимнастика

На 24.04.2018 год. во Радовиш се одржа Државното првенство во гимнастика за основните училишта. На ова првенство учествуваа 60 – тина учесници од 10 училишта во Република Македонија. Нашето училиште го претставуваа ученичките: Ана Марија Митреска VI одд, Ивана Смилевска VI одд, Адријана Стоилевска IV одд и Јана Димовска IV одд, предводени од наставничката Андријана Трповска.

Ученичката Јана Димовска го освои III- то место во категорија 4-5 одделение во партер и прескок. На нашите гимнастичарки им честитаме на постигнатиот успех и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина.

This slideshow requires JavaScript.

Регионален натпревар по Македонски јазик

На 21.04.2018 г. во просториите на приватната гимназија ,,Алгоритам,, Центар – Скопје се одржа регионален натпревар по македонски јазик за VIII  и IX одделение.

Ученичката Катерина Илиевска VIII одд. – ментор Јагода Филиповска  освои ll место и ученикот Матеј Трајчевски IX одд.  – ментор Елена Малинова , освои lll место.

Честитки и им посакуваме уште поголем успех на државниот натпревар што треба да се одржи во Охрид во месец мај 2018г.

Активности по повод 22 Април – Ден на планетата

Нашето училиште се вклучи светската акција насловена како ” Global Action Days ” Наш избор е да ја подржиме Цел 3. Да се обезбеди здрав живот и да се промовира благосостојба за сите од сите возрасти

Опис на активноста -Еколошка парада низ локалната средина за подигнување на свеста против аерозагадувањето во нашиот главен град,Скопје и поделба на едукативни флаери за намалување на аерозагадувањето на локалното население.

За жал Скопје е во врвот по загадување на воздухот и со оваа активност сакаме да предложиме едноставни совети преку кои секој од нас ќе може да даде личен допринос за намалување на загадувањето со мали измени во секојдевната рутина.

This slideshow requires JavaScript.

Голем одмор на МТВ 1

На 27.02.2018 учениците од нашето училиште ООУ,,Дане Крапчев,, учествуваа во емисијата ,,Голем одмор,, на МТВ 1. Гостувањето беше по повод 40 години образовно-воспитна дејност на нашето ООУ,,Дане Крапчев,,- Скопје.

Учениците го престставија училиштето во најдобро светло. Направија една ретроспектива на училиштето од 1978 година па се до денес , а сето тоа беше документирано и со фотографии. Ги истакнаа освоените награди и проектите кои се реализираат во нашето училиште , кои сите не прават особено горди и ни даваат сила да чекориме кон понатамошни успеси.

Програмата беше збогатена и со учество на :

  • Првачињата – кои настапија со ритмичката точка од патрониот празник на песната ,,Првачиња колачиња,,
  • Учениците од IV одделение – со ритмичката точка од патрониот празник на песната “Better when I’m Dancing“
  • Триото Атанасиј Соколов (електрична гитара) , Иван Лозаноски (електрична гитара)   и Миа Мустафа (вокал) ученици во IX одделение, кои настапија со изведба на неколку музички композиции од познати автори. Музичко трио кое многу ветува, и за кое многу ќе се слуша во иднина.

Учениците пак од V одделение , работеа во креативните катчиња и создаваа свои дела. Едната група Никола Христовски, Андреј Бојкоски и Теона Димишковска беа конструктори кои создаваа предмети според дадени шеми. Додека пак другата група Јована Ѓорѓиевска, Нина Јовановска и Ева Митевска  беа креативци кои создаваа торбички , перничиња , ташнички изработени од најразлични материјали.

Ликовното катче со своите интересни изработки го збогатија Делфина Саравинова и Анастасија Јовановиќ.

Капитените на екипите Леонид Велковски и Мирна Мемиќ преку одговарање на прашања од квизот им донесоа победи на своите тимови.

Насмевките на лицата на учениците и целиот тим кој ја прифати одговорноста да се справи и со овој предизвик говореа за успешноста на овој настан.

This slideshow requires JavaScript.

Награда – „Големата мајка“

Годината ја зпочнуваме со убава вест! Имено, пред новогодишните празници  градоначалникот Борис Георгиевски, ја додели наградата „Големата Мајка“  за посебни достигнувања и афирмација на општина Гази Баба за 2017 година, кое е највисоко признание на општината.

Наградата за значајни остварувања во областа на образованието и воспитанието ја доби  Елизабета Георгиевска, одделенски наставник, во нашето училиште . Таа е автор на краткиот  видео спот „Спот за промоција на училишната клима“ со кој го освои првото место на Меѓународниот едукативен филмски фестивал КРЕФ , со што придонесе за промоција на училиштето, нашата општина и образованието на Република Македонија.

Со желба за успешна работа и понатамошно постигнување на врвни резултати им ја честитаме Новата година на сите ученици, вработени, родители и соработници!

Нека ни е среќна и успешна Новата 2018 година!

This slideshow requires JavaScript.

Новогодишен базар

На 26.12.2017 год. во холот на нашето училиште во празнично расположение и пријатна атмосфера се одржа Новогодишен базар во рамките на програмата за соработка со родителите. Во организацијата и реализацијата на овој настан се вклучија голем број родители. На сите родители кои се вклучија во оваа активност  неизмерно им  благодариме за нивното залагање, одвоеното време и средства.  Собраните парични средства од базарот ќе се искористат за подобрување на условите за работа и учење во нашето училиште.

Тим за соработка со родителите

 

 

Промоција на нашето училиште

Во ноемврискиот број на новото списание за ученици „Либи“ во издание на „Арс Ламина – публикации“  http://literatura.mk/   во рубриката „Брависимо“ пишува за успехот на нашето училиште постигнат на Филмскиот фестивал КРЕФ.