ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,
Ве известуваме дека согласно член 38 став 2 и 4 од Законот за основното образование направено е дополнување на Календарот за организација и работа на основните училишта во учебната 2018/2019 година. Календарот е објавен во Службен весник на Република Северна Македонија број 54 од 13.03.2019 година.
Согласно дополнувањето на Календарот за организација и работа на основните училишта во учебната 2018/2019 година
„Воспитно-образовната работа за учениците се организира во следните саботи:
    – 16 март 2019 година, со распоред на часови од понеделник со кој се одработува 21 јануари 2019 година и
    – 30 март 2019 година, со распоред на часови од вторник со кој се одработува 22 јануари 2019 година.“
Со почит,
Министерство за образование и наука

Извстување од ДПИ

Почитувани родители,

Државниот просветен инспекторат (ДПИ) на Република Македонија во периодот од 04.03.2019 година до 06.03.2019 год. ќе спроведе интегрална евалуација на училиштето во кое учи вашето дете. Целта на интегралната евалуација е да се даде оценка на квалитетот на воспитно-образовниот процес во училиштето, спроведување на законските акти и идентификување на силни и слаби страни, како и давање на препораки за подобрување на состојбите. Евалуацијата ќе ја врши тим на државни просветни инспектори преку увид во училишната документација, посета на часови и разговори со ученици, родители, наставници и раководни структури во училиштето. Освен од родителите од кои по претходно утврдена методологија ќе биде побарано да пополнат анонимен анкетен прашалник, сите останати родители ќе можат да пополнат прашалник кој ќе можат да го подигнат од стручната служба во училиштето или да го преземат од интернет страницата на Државниот просветен инспекторат. Доколку сте заинтересирани да го кажете своето мислење за сè што е поврзано со искуството на вашето дете, може да закажете разговор преку раководителот на инспекцискиот тим, Ивица  Давидовски, на телефон: 076/485-034, или на е-mail: davidovskii@yahoo.com

Важно ни е да го слушнеме вашето мислење, бидејќи на тој начин ќе можеме пореално да ја согледаме состојбата во училиштето и да дадеме препораки за подобрување на постигањата на вашите деца.

Конечниот извештај од интегралната евалуација е од јавен карактер и ве охрабруваме да побарате примерок од вашите претставници во Училишниот одбор или Советот на родители во училиштето, за заеднички да придонесеме во унапредување на воспитно образовниот процес во училиштето.

 

Со почит,

Томе Спировски

Директор на ДПИ