Државно првенство во гимнастика

На 24.04.2018 год. во Радовиш се одржа Државното првенство во гимнастика за основните училишта. На ова првенство учествуваа 60 – тина учесници од 10 училишта во Република Македонија. Нашето училиште го претставуваа ученичките: Ана Марија Митреска VI одд, Ивана Смилевска VI одд, Адријана Стоилевска IV одд и Јана Димовска IV одд, предводени од наставничката Андријана Трповска.

Ученичката Јана Димовска го освои III- то место во категорија 4-5 одделение во партер и прескок. На нашите гимнастичарки им честитаме на постигнатиот успех и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина.

This slideshow requires JavaScript.

Проект на УСАИД ,, Зајакнување на социјалната кохезија “- Спортски игри

Среда, 18.04.2018 година во нашето училиште беа спроведени спортски активности како дел од проектот на УСАИД   ,, Зајакнување на социјалната кохезија “ во Р.Македонија . Целта на проектот е да ја зајакне меѓуетничката интеракција меѓу  децата и да го унапреди меѓукултурното образование.

Во спортските активности кои траеа 120 минути учествуваа 75 ученици од трето одделение од ООУ ,,Дане Крапчев” и ООУ,, 25 Мај ” – од Скопје.

Учениците од двете училишта , а и наставниците заедно со нив добија можност да се дружат –  учениците   заедно да се радуваат на  успесите во игрите, а наставниците да разменат професионални  искуства.

Колкава беше радоста и задоволството кај учениците ќе можете да погледнете од  приложените фотографии .

This slideshow requires JavaScript.

Кошарка

Денес, 22.03.2018, во спортската сала  „М.А. Ченто“ а во организација на нашето училиште се одржа Државното првенство во кошарка за женски од основните училишта.

Федерацијата на училишен спорт на Македонија  искажа задоволство од успешната  организација на  првенството.

Многу сме горди на нашите  кошаркарки кои го заземаа третото место.

ПЛАСМАН

🥇1 место ОУ ,,Јосип Броз Тито” – Струга
🥈2 место ОУ ,,Ванчо Прке” – Делчево
🥉 3 место ОУ ,,Дане Крапчев” – Скопје
🏅4 место ОУ ,,Кузман Шапкарев” – Скопје

Спортски натпревари

Изминатата седмица нашите фудбалери, кошаркари и одбојкарки имаа настапи во  лигите: фудбал – машки, кошарка – машки и одбојка женски.  Настапите на нашите спортисти беа делумно успешни.  Фудбалерите се закитија со убедлива победа – Дане Крапчев : Кирил и Методиј  (6 : 1 ).   Кошаркарите одиграа шок натпревар и за жал  изгубија за еден поен од домаќинската екипа на ООУ Крсте Мисирков ( 43: 42 )  Нашите  одбојкарки  го изгубија натпреварот против екипата на Крсте Мисирков  (2:0) во сетови.

Сите не можеме да бидеме членови на спортските екипи, но сите можеме да помогнеме за постигнувањето подобри спортски резултати како навивачи. На нашите спортисти сигурно многу ќе им значи нашата поддршка од трибините. Затоа ве повикуваме да ги следите сите натпревари и да им давате несебична поддршка во нивните заложби за постигнување подобри резултати.  Може и да се покрене иницијатива за формирање навивачка група која ќе го актуелизира и промовира следењето на спортските натпревари на нашите екипи.