Заедно учиме за маса и тежина

Овој час по Природни науки, заедно со учениците од „25 Мај“ се реализираше во просториите на нашето учулиште.
Учениците на часот се запознаа со физичките величини маса и тежина. Преку практични вежби,поделени во групи, измерија маса и тежина на неколку предмети (јаболко,портокал,прибор за пишување) и воочија дека масата и тежината се различни величини. Учениците работеа тимски и ангажирано, и сите 10 групи успешно ја извршија задачата: избраа соодветни иструменти и правилно ја измерија масата и тежината.
Исто така воочија дека масата влијае на тежината на телата, колку е масата поголема толку е и тежината на телото поголема. Увидоа и дека масата е непроменлива, додека тежината зависи од гравитациската сила, односно каде и да сме во Соларниот систем,масата е иста,но тежинта е различна на различни планети.
Часот се одвиваше во пријатна работна атмосфера, наставниците ги мотивираа групите да работат и потоа сработеното го проверивме со кус наставен лист на крајот од часот.

Заеднички учиме за гравитација

На 19.02.2024 година во просториите на ООУ „25 Мај“ се одржа уште еден заедички час по природни науки. ГРАВИТАЦИЈА! Учениците на часот активно учествуваа во дикусиите, со внимание го проследија излагањето на наставниците и одговорно го сработија работниот лист. Учениците ја идентификуваа гравитацијата како привлечна сила и ја поврзаа како величина која е зависна од масата и растојанието на телата. Пријатна работна атмосфера, дружба, споделување, тимска работа.

Со нови сили, во второто полугодие, продолжуваме да работиме со нашето партнер училиште ООУ “25-ти Мај” на проектот: “ГРАДИМЕ НОВИ МОСТОВИ”

На 26.01.2024 учениците од 6-4 одд. беа на посета на своите другари и заеднички се реализираше наставната содржина за Земјини движења. Преку визуелната презентација учениците се запознаа со движењата на Земјата. Преку практична вежба, срочена во облик на игра, ги симулиравме Земјините движења ,а потоа преку дискусија учениците ги увидоа последиците овие движења.

Разгледуваме модели на Соларен систем ,изработени од рацете на нашите учениците и дискутиравме за изученото. Потоа следеше и втората активност- учениците се распределија во парови, составени од ученици од двете училишта и одговорија работен лист со

прашања поврзани со земјините движења.  Точноста на одговорите ја проверивме заеднички со нашите наставнички по природни науки Бојана и Анида. Резултатите беа одлични !!!

eTwinning проектот Let’s take climate action! со најпрестижни признанија за квалитет

eTwinning проектот Let’s take climate action! ги доби најпрестижните признанија за квалитет

National Quality Label и European Quality Label.

Основач на проектот е наставничката по англиски јазик Катерина Лукарова, а во него учествуваа ученици од нашето училиште како и 16 наставници и 110 ученици од повеќе држави Италија, Португалија, Шпанија, Турција, Романија и Полска.

Во рамките на проектот беа реализирани најразлични активности преку кои учениците го подобруваа Англискиот јазик, своите комуникациски вештини, тимскиот и натпрварувачкиот дух, мултикултурализмот и толеранцијата.

Учеството во проектот е од непроценливо значење за сите, а задоволството од добиените признанија уште поголемо.

Учиме за ѕвезди и соѕвездија

Крајот на ова полугодие го заокружуваме со гости. Имено учениците од ООУ “25 Мај” и нашите од 6-4 се дружеа и учеа за ѕвезди и соѕвездија. Во парови учениците ги исцртаа најпознатите соѕвездија со помош на точкести мапи, а потоа ги пронајдоа виртуелно благодарение на апликацијата Stellarium. Дефинитивно оваа година ќе ја паметиме по природни науки, но и по новите пријателства

Учиме за вселената и Млечниот пат

На крајот од работната недела одржавме заеднички час по природни науки со другарчињата од ООУ,, 25-ти Мај ,,. Овој пат зборувавме за вселената и Млечниот пат. Училницата за кратко ја претворивме во кино и преку едукативни видео материјали патувавме низ вселената. Видовме како изгледа нашата галаксија и се запознавме со теоријата на големата експлозија. Ви пренесуваме дел од атмосферата преку неколку фотографии.

КАМПАЊА: ,,КРЕНИ ГЛАС ПРОТИВ ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО”

Оваа кампања е во организација на општествено одговорната компанија ,,МАКПЕТРОЛ”.

На 19.12.2023 год. беа реализирани едукативни работилници за учениците од VI до IX одделение.

Работилниците беа реализирани од страна на психотерапевт и специјален едукатор и рехабилитатор.

Учениците се запознаа со начините за превенција на ситуации со врсничко насилство, нивно решавање и надминување на последиците од нив.

Беше поделен и печатен едукативен материјал наменет за учениците и нивните родители.

Kвиз–проверка на знаењата за респираторен систем

На 17.11.2023 година се одржа уште еден заеднички час со учениците од ООУ „25 Мај“ и нивната наставничка. Ние бевме домаќини и со радост ги дочекавме нашите другарчиња. Часот беше многу интересен бидејќи правевме квиз–проверка на знаењата за респираторен систем. Имавме капитени во нашите екипи, кутија на знаења-преку техниката аквариум, табела со поени, жири комисија.
Преку овој едукативен квиз ги проверивме стекнатите знаења. Имаше и победници, екипа 3 која точно одговори на сите прашања на двата јазика, а останатите две екипи имаа изедначен резултат. Имаше одлична атмосфера и позитивен натпреварувачи дух помеѓу екипите. Соработувавме меѓусебно за да постигнеме успех и ги почитувавме правилата на играта. Погледнете!

Посета на Планетариум при МКЦ

На 14.11.2023 година, се реализираше воннаставна активност-посета на Планетариум при МКЦ, предвидена со активностите од Проектот „Градиме нови мостови“. На оваа посета учествувавме ние учениците од VI-4 одделение заедно со нашата наставничка Бојана М.Личева и нашиот координатор Роза Јаневска, нашите другарчиња од VI-4 и IV-1 одделение од училиштето ООУ „25 Мај“ со нивните наставнички Теута Хаскај и Сузана Курбардовиќ и другарчињата од IV-а, б и в одделение од ООУ „Наум Наумовски-Борче“ со нивните наставнички Дијана Николовска, Анета Пешевска и Соња Николова и координаторот Даниела Караташова-социолог. На оваа активност како дел од Проектот МИО, поддржан од ОБСЕ, МОН, општина Гази Баба и нашето училиште присуствуваа и претставници од ОБСЕ. Посетата имаше за цел да се обезбеди дополнителен простор за учениците вклучени во заедничките наставни часови да се поттикнат на граѓанскиот ангажман и да се промовира меѓуетничката соработка.

Заеднички час со нашите другарчиња од ООУ „25 Мај“ на 10.11.2023


Уште еден успешен заеднички час со нашите другарчиња од ООУ „25 Мај“ и нашите наставнички Бојана М.Личева и Анида Амиди. Овој час беше многу интересен, интерактивен, практичен, а најважното е тоа што имавме и посетители-гости, г-ѓа Емилија Симоновска Јаначковска и г-дин Франческо Бигагли претставници од ОБСЕ/OSCE – Mission to Skopje. Наставната содржина „Пренесување на храна и гасови“ беше многу интересна и поттикнувачка, бидејќи имавме за задача практично да го претставиме респираторниот систем, патот на воздухот низ органите за дишење и да ги именуваме органите. Потоа следеше презентација на изработките, толкување на поимот респирација и претставување на разликата меѓу вдишување и издишување. Споделуваме дел од атмосферата.