ФРАНКОФОНИЈА 2019

На 15.05.2019 год во ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ реализираше франкофонска вечер, организирана по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата под мотото « En francais s’il vous plait » / « На француски, ве молам ».

Манифестацијата беше поддржана од Францускиот Институт во Скопје и на истата покрај домаќините настапија ученици од пет основни училишта: ООУ „ Живко Брајковски “ , ООУ „ Панајот Гиновски, ООУ „ Дане Крапчев “, ООУ „ Крсте Мисирков “, ООУ „ Наум Охридски “

Од нашето училиште настапи ученичката Јана Стоилевска која ја испеа популарната песна од Заз “Je veux”

Почесни гости беа: Господинот Кристиан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Скопје, Господин Филип Темелковски, Градоначалник на Општина Кисела Вода, Госпоѓа Љупка Димова, јазичен аташе за развој на француски јазик при Францускиот институт во Скопје.

 

Државен натпревар по Биологија

На 11.05.2019  на Природно математичкиот факултет се одржа државниот натпревар по Биологија . Ученичката Анастасија Тодевска од VII одд. освои 85 бодови и  освои II награда.  И честитаме за освоената награда  и посакуваме успех во следните натпреварувања.

Ментор – Душанка Китановска.

Денови на електротехника 2019

На 23.5.2019 година тимот од ООУ „Дане Крапчев“ со ментор: Јулија Јанкуловска и ученици: Катерина Илиевска, Ивана Додевска  и Петар Здравевски ја посетивме хидроцентралата- музеј Матка, во сколоп на осмата по ред манифестација Денови на електротехника 2019 во организација на СЕТУГС “Михајло Пупин” – Скопје.

„Скопје цвета”- Скопски цветен фестивал

Оваа сабота се одржа шестиот Скопски цветен фестивал, под покровителство на Град Скопје, под мотото „Скопје цвета”.

Во цветно дефиле учествуваа младите екологисти од нашето училиште кои се обидоаа на уникатен начин да  ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќето, како и да се подигне јавната свест за заштита на животната средина.

Посетителите  имаа  можност да учествуваат и во целодневни: да проследат анимации за деца, да вежбаат јога и зумба на отворено, да слушаат музика, да погледнат и учествуваат во најразновидни цветни перформанси и декорации.

Оваа година на манифестацијата  се претставија повеќе од 30-тина изложувачи- цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, институции и невладини организации од областа на екологија,меѓу кои и еко тимот од нашето училиште ООУ “Дане Kрапчев”.

Одговорни наставници

Б.Личева и Д.Китановска

22 Април – Ден на планетата Земја

Учениците од еколошката секција го одбележаа Денот на планетата Земја – 22 Април со изработка на пано на кое ги искажаа своите заложби за чиста животна средина.

Еколозите од нашето училиште апелираа за поголема грижа  на луѓето за планета Земја и ги истакнаа последиците од неконтролираното загадување на животната средина.

Чистата животна средина е основно човеково право

22 Април – Ден на планетата Земја…

Овој ден за првпат е одбележан во САД, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата.

Историскиот датум со кој се означува почетокот на будењето на еколошката свест на човештвото се смета 22 април 1970 година, кога околу 200.000 лица протестираа против загадувањето на животната средина од која зависи опстанокот на човекот и на сите животински и растителни видови на нашата планета.

Протестите беа организирани во САД, кога околу 30.000 тони сирова нафта истекоа во Пацификот и ја загадија плажата во заливот Санта Барбара. Луѓето кренаа глас против еколошкото насилство, а беа предводени од тогашниот американски сенатор од Илиноис, Гејлор Нелсон, кои побара екологијата да добие национален приоритет. Тогаш е формирано првото Движење за заштита на животната средина.

Од 1992 година овој ден  се одбележува и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.

Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.

Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.

Резултати од регионален натпревар по Математика

На 13.04.2019 се одржа регионалниот натпревар по математика во ООУ“Кочо Рацин“- Петровец. Од нашето училиште учествуваа 10 ученици и ги постигнаа следниве резултати

 

Давид Арнаудов  IV одд – ПРВА НАГРАДА

 

Алексеј Стојановиќ VI одд ВТОРА НАГРАДА

 

Јана Благојевиќ VII одд ПОФАЛНИЦА

 

Јане Ѓоргиевски VIII одд ПОФАЛНИЦА

 

Честитки за сите учесници!

Прво место на ликовен конкурс

На ликовниот конкурс „Априлилили“ кој го организира ДКЦ „Карпош“ по повод 1 Април – Денот на шегата, од нашето училиште учествуваа ученици од 6 до 9 одделение, а ученичката Теодора Стефановска освои прва награда. Доделувањето на наградите беше на 1 Април на плоштадот „Македонија“ каде што беа и изложени дел од маските.

АПРИЛИЈАДА 2019

Со цел одбележување на 1 Април –  ,,Денот  на шегата,, во училиштето беше организирано ,,Првоаприлско дефиле,, за учениците. Освен во училиштето ученици од одделенска настава продефилираа и низ улиците во населбата, со цел да ги покажат своите маски.

Најдобрите маски од нашето училиште беа испратени на плоштадот во Автокоманда. Ученици пак од IV и  V одделение од нашето училиште, под раководство на нивните наставнички  Лидија Ѓоргиева и Лидија Велковска, учестуваа на манифестацијата која по повод 1 Април ја организираше општината Гази Баба. Тие настапуваа во забавниот дел на манифестацијата, која се одржа на плоштадот во Автокоманда, каде учениците од IV и  V одделение настапија со ритмички точки, а пак ученичките Ема Котеска VII одделение и Миа Јакимовска од IX одделение настапија со пеење во живо на песната Perfect. И водителката на манифестацијата Тамара Вељковиќ беше од нашето ООУ„Дане Крапчев“. Сето ова кажува дека учениците од нашето училиште навистина има што да покажат.

 

Координатор на тим за                                                                                                                         

културно забавен живот

Даниела Торковска

This slideshow requires JavaScript.

Одбележување на 2-ри Април Светскиот ден на аутизмот

Светскиот ден на аутизмот е прогласен од Генералното Собрание на Обединетите Нации во 2007 година како ден на кој треба да се посвети внимание на потребите на лицата со аутизам ширум светот. Се претпоставува дека 7 милиони луѓе во Европската унија имаат аутистичен спектар на нарушување. Многу од нив се соочуваат со дискриминација и се подложни на социјална исклученост.

Аутизам Европа ја започна кампањата под наслов: „Нова динамика за аутизмот”. Целта е што подобра социјална инклузија на лицата со аутизам!

Нашето училиште “Дане Крапчев”-Скопје дава поддршка на кампањата!

Користете го хаштагот #AutismDay2019 станете и вие дел од оваа кампања!