Мултикултурализмот во образованието

Работилницата се одржа на 06.05.2022 година во Еко градината на нашето училиште. Голема благодарност до учениците од двете училишта, до родителите кои помогнаа во реализација на активностите и благодарност до колегите од ООУ „25 Мај“ кои се вклучени во овој проект.

Беше задоволство за учениците и позитивно искуство при реализација на активност 1„Весели емотикони“ во рамки на проектот „Мултикултурализмот во образованието“ во соработка со нашето партнер училиште ООУ „25 Мај“.

Работилницата се одржа на 06.05.2022 година во Еко градината на нашето училиште. Голема благодарност до учениците од двете училишта, до родителите кои помогнаа во реализација на активностите и благодарност до колегите од ООУ „25 Мај“ кои се вклучени во овој проект.

Регионален натпревар по француски јазик

На 6 Мај 2022 година во ООУ „Димитар Миладинов“ се одржа регионалниот натпревар по француски јазик.

На натпреварот учествуваа ученичките Сара Ангелова, Јована Ивановска и Ева Серафимовска од осмо одделение. Сите покажаа одлични знаења а ученичката Сара Ангелова се пласираше на државниот натпревар.

Честитки за сите, а на Сара и посакуваме успех на државниот натпревар кој ќе се одржи во среда, 11 Мај во ООУ „Невена Ѓоргиева Дуња“

Регионален натпревар по англиски јазик

На 07.05.2022 година се одржа регионалниот натпревар по Aнглиски јазик за основно образование што ја организира асоцијацијата на наставници по англиски јазик и книжевност на ЕЛТАМ во ООУ „Круме Кепески“ – Кисела Вода.

На овој натпревар од нашето училиште учествуваа учениците од V, VI, VII, VIII и IX одделение.

Елена Наумова V-3 одделение II (второ) место –ментор Кочова Весна

Илина Јордановска V-1 одделение III (трето) место – ментор Кочова Весна

Софија Мијалковска VI-3 одделение III (трето) место – ментор Катерина Лукарова

Калина Шипинковска VI-3 одделение III (трето) место– ментор Катерина Лукарова

Дора Николова VII-4 одделение I (прво) место – ментор Весна Трајковска

Елена Цветковска VII-4 одделение II (второ) место – ментор Весна Трајковска

Даријан Саравинов VIII-3 одделение III (трето) место – ментор Весна Трајковска

Алексеј Стојановиќ IX-3 одделение II (второ) место – ментор Катерина Лукарова

Дона Тасева IX-3 одделение III (трето) место – ментор Катерина Лукарова Сите ученици се пласираа на државниот натпревар

Им честитаме на учениците и нивните ментори.