Презентација на блогот „Дружината на Дане Крапчев“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје

Денес, 16 март 2022, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје, се одржа Мултипликативен настан за проектот „Унапредување на писменоста и усвојување на странските јазици кај учениците од основно образовани, преку развивање на знаење, вештини, ставови и вредности во рамки на воннаставнити активности„. Настанот беше во организација на Здружението Доминиум културно јадро а нивните партнери Градската Библиотека од Риека и училиштето „Св.Константин Кирил Философ“ од Русе, Бугарија беа вклучени online преку платформата zoom. Свое обраќање имаше и претставник од Бирото за развој на образованието, господинот Оливер Станојоски. Присутни беа претставници од повеќе училишта од Скопје како и од Градските Библиотеки.

На настанот беа презентирани резултатите од проектот и некои добри практики од училиштата кои следеа обуки во рамките на овој проект.

Претставници од нашето училиште беа поканети да го претстават ученичкиот блог „Дружината на Дане Крапчев“ . Наставничката Анета Митевска ги претстави почетоците на блогот а ученикот Алексеј Стојановиќ ја презентираше работата на учениците на блогот, статистичките податоци за бројот на објави и посетеност на страната но акцент стави и на влијанието на блогот врз развојот на учениците. Оваа иницијатива беше поздравена од сите учесници на овој настан.

Видеото од обраќањето на Анета и Алексеј може да го погледнете во продолжение