Од учениците – за учениците. Вредните раце можат се!

Во текот на првото полугодие со ученици од осмо и седмо одделение беа  организирани неколку работилници за изработка на  украсни кеси од рециклирана хартија. На кесите учениците испишаа зборови и изрази на повеќе јазици кои ги користат етничките заедници кои живеат во нашата држава.

   Учениците научија како се изговараат на повеќе јазици изразите : “Благодарам”, “Добар ден”, “Како си ?”, “Како се викаш?”, а воедно пратија и порака  за  толеранција, рамноправност, права, соживот, правда, заедништво, мир.

     Со креативно изработените  еко кеси учениците покажаа  и колку добро може да изгледа рециклираната хартија и  ја подигнаа  свеста за користење на материјали кои може да се рециклираат.

    Со средствата собрани од продажната акција на кесите,  спроведена помеѓу учениците беа набавени неколку книги за училишната библиотека, со што учениците дадоа скромен придонес  за збогатување на библиотечниот фонд.