МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЖЕНАТА И ДЕВОЈЧИЊАТА ВО НАУКАТА

На 11 февруари во општина Гази Баба со пригодна манифестација беше одбележан меѓународниот ден на жената и девојчињата со цел да се даде поттик за постигнување целосен и еднаков пристап и учество во науката на жените и девојчињата, со цел нивна целосна инклузија во општеството.
Градоначалникот г. Борис Георгиевски им порача на девојчињата од основните училишта во општината, никогаш да не се откажуваат од науката. Секогаш да бидат посветени, истрајни и упорни за она што сакаат  да бидат и да не потклекнуваат на дискриминацијата. Затоа што само така ќе успеат да стасаат онаму каде што сакаат. Исто така им честиташе што уште од мала возраст влегуваат во научните води и бележат добри резултати.

На манифестацјата беа присутни  професорката по билологија, Валентина Славевска – Стаменковиќ и професроката по математика, Слаѓања Брсаковска, од Природно – математичкиот факултет, кои на присутните  ученички им ги презентираа нивните приказни, за тоа што нив ги натерало да се посветат на науката.

Резултати од училишен натпревар по МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК за IV и V одд.

ЧЕТВРТО ОДДЕЛЕНИЕ

ПРВО МЕСТО со освоени 81 поени  –  Александар Маџовски 4/2

ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

ПРВО МЕСТО со освоени 24 поени – Нина Велковска и Марија Гичевска 5/1

ВТОРО МЕСТО со освоени 23 поени – Филип Димовски 5/1 и Теа Јордановска 5/3

ТРЕТО МЕСТО  со освоени 22 поени  –  Катерина Пислевиќ 5/2 и Теодора Јосевска 5/1

ЧЕСТИТКИ за победниците и сите учесници!

Резултати од училишниот натпревар по ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК

ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ

ПРВО МЕСТО со освоени 66 поени – Петар Ристовски од 6/3

ВТОРО МЕСТО со освоени 62,5 поени – Михаела Димчова од 6/2            

ТРЕТО МЕСТО  со освоени 61,5 поени- Јована Ивановска 6/2   

СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ

 ПРВО МЕСТО  со освоени  47 поени –  Алексеј Стојановиќ 7/3                    

ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ

ПРВО МЕСТО со освоени 39 поени – Лорина Јакимовска 8/4   

ВТОРО МЕСТО со освоени 37 поени – Ангела Анѓелковска 8/3 

ТРЕТО МЕСТО  со освоени 36 поени- Нина Ристиќ 8/3  и Јована Цветковска 8/3 

ЧЕСТИТКИ за победниците и сите учесници!