Реализирана работилница за детските права

Членовите на драмскиот, новинарскиот и ликовниот клуб од ООУ “Дане Крапчев” вклучени во проектот “И јас имам глас” преку Фондацијата за образовни и културни иницијативи “Чекор по чекор” на 26.11.2019, среда, повторно остварија работна средба со Дени од драмската школа во МКЦ. Два часа, во прекрасна работна атмосфера, преку глума, новинарски статии и цртежи имаа можност да ги искажат своите задоволства и разочарувања од почитувањето на детските права од страна на возрасните во и вон училиштето. Целта на овие работилници е да се придонесе во градењето на критички и креативни ставови кон искажувањето мислења на децата во однос на нивните права и потреби во општеството. Овие работилници не завршуваат тука, напротив со секоја средба се раѓаат нови идеи кои потекнуваат токму од умните глави на нашите идни глумци , новинари и ликовни уметници. Следна работилница со зададени задачи за училишниот клуб за детски права е планирана за во декември.

Посета на фестивалот ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ

На 26.11.2019, вторник, учениците од одделенска настава го посетија фестивалот “Златно славејче” кој се одржува по 49 пат во нашиот град. Учениците понесени од звуците на музичките рефрени со голем интерес го следеа фестивалот и уживаа во друштво со многу ученици од други училишта и новите музички ѕвезди.