Акција за донација на книги „Прочитав јас – прочитај и ти“

Ние учениците, членови на драмско-рецитаторска, новинарска и литературна секција поттикнати од одбележувањето на „Месецот на книгата“ и „Денот на јазиците“, а со поддршка на нашите предметни наставници по македонски јазик, одделенските наставници на нашите помали другари од I до V одд., библиотекарот од нашето училиште, решивме да спроведеме акција под мотото:

„Подари книга на другарите твои

и со нив сподели знаења свои“

„ Прочитав јас – прочитај и ти“

             Целта на нашата акција е да го збогатиме нашето училишно катче, библиотека – медијатека  со разновидна  домашна и странска литература која ќе може да ја користи секој од нас, а читајќи книги да уживаме во пишаниот збор, да ги збогатиме нашите знаења и нашите погледи кон светот за полесно да чекориме напред.

              За таа цел  ве повикуваме вас учениците, вашите родители, наставниците, сите заедно да донираме книги од македонската и странска литература (германска, англиска, француска, спрска, албанска……..) да бидеме успешни и да го уживаме благодетот од пишаниот збор , читајќи книги на секој  јазик.

              Акцијата ќе биде спроведена од 7 до 18 Октомври. Подвижниот штанд ќе поминува секој ден во секоја паралелка каде ќе можете да ги предадете вашите донирани книги во кои може да напишете ваша посвета.

Последниот ден, донираните книги ќе бидат изложени во училишниот хол. Секој ќе може да ги разгледа, а потоа и да ги користи. Ќе бидат истакнати најуспешните донатори и ќе им бидат доделни  благодарници.

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИК ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЗАМЕНИЦИ УЧЕНИЦИ ПРАВОБРАНИТЕЛИ

ООУ „ДАНЕ КРАПЧЕВ“ објавува повик за избор на Ученик правобранител и   Заменици ученици правобранители.

Ученикот Правобранител претставува ученик кој ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави на сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во/вон училиштето (Училишен кадар и Народен правобранител).

Дополнителни информации и потребните документи за пријавување ќе ги најдете во следниот документ. Исто така може да се обратите во психолошко-педагошката служба