Приредба по повод завршување на учебната 2018/2019 година и заминување на деветтоодделенците

This slideshow requires JavaScript.

…Радост, гордост, возбуда, насмевки, неизвесност, мала трема, измешани емоции и по некоја солза радосница беше се она што се случуваше денеска во нашето ООУ „Дане Крапчев„

Учениците со кратка пригодна програма го одбележаа крајот на учебната година и заминувањето на деветтооделенците од нашиот заеднички дом – училиштето Дане Крапчев.

Оваа пригода како училиште ја искористивме да ги прогласиме и најуспешните ученици кои во учебната 2018/2019 година го претставуваа нашето училиште на општинските, регионалните и државните натпревари и освоија прво, второ или трето место, а пак училиштето им додели признанија за нивните постигнати резултати.

На овој свечен настан му дадовме и еден посебен белег со тоа што успеваме да ја вратиме традицијата која со години се негуваше во нашето училиште и да ги прогласиме учениците кои го завршија овој циклус на образование со континуиран одличен успех, а исто така беше прогласен и првенецот на генерацијата.

Ученици кои го завршија овој циклус на образование со континуиран одличен успех и примерно поведение:

IX-1 одделение: Емилија Трајковска, Катерина Илиевска, Сара Јосевска и Лука Карагунов
IX-2 одделение: Симона Петровска, Ивана Додевска и Никола Маркоски
IX-3 одделение: Миа Јакимовска и Ивана Стефановска
IX-4 одделение: Петар Здравевски, Виктор Милески и Маја Стојановска.

Првенец на генерација 2019 – Катерина Илиевска од IX-1 одделение

За сите ученици кои беа со континуиран одличен успех во нивното образование како и за првенецот на генерацијата беа обезбедени симболични подароци.

Денеска нашите деветтоделенци го напуштаат нашиот заеднички дом и заминуваат кон освојување на нови повисоки цели.

Сигурни сме дека од ова училиште во животот ќе носат преубави спомени, но и знаења кои понатаму ќе ги надоградуваат, знаења со кои ќе го освојуваат светот но и ќе градат подобра и поубава иднина за оваа земја.

Среќно!!!

Подготвил:

Даниела Торковска – Координатор за културно забавен живот во училиштето