МУЛТИЕТНИЧКА ТРПЕЗА

Во рамките на Проектот за „ Меѓуетничка интеграција во образованието“  на 20.12.2016  во 10.30 h.  се одржа новогодишна Мултиетничка трпеза  во организација на активот на  трето одделение. Мултиетничката трпеза е планирана активност од програмата на тимот за Соработка со родители. Секој одделенски наставник  во соработка со родителите од својата  паралелка организира  активности за подготовка на традиционални јадења. Сите  ученици и нивните родители се вклучија во  истата. На мултиетничката трпеза можеше да се види традиционална храна од секоја етничка заедница: сарми, гравче, баклави, мантии, пити, божиќни колачиња…  Мултиетничката трпеза  им овозможи на учениците развивање чувство на почит , разбирање и вреднување на традиционалните вредности на секоја култура.

Благодарност до сите ученици и родители од III одделение  за  учествoто  и  успешната  реализација на оваа активност.

Одделенски наставник: Лидија Велковска

 

This slideshow requires JavaScript.

СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИ

 

Во почетокот на месец  декември  во активот на III одделение се одржа час по македонски јазик кој го реализираше родител.  Часот беше планирана активност од програмата на тимот за Соработка со родители а го одржа родителката Маја Кaраџоска – професор по македонски јазик.

Во текот на часот се читаа литературни творби, учениците дискутираа, одговараа на прашања и откриваа  елементи на литературна творба.  Родителката им ја пренесе важноста на читањето на учениците и им ја пренесе пораката

“Дете кое чита ќе порасне во човек кој мисли со својата глава”.

Одделенски наставник: Лидија Велковска

This slideshow requires JavaScript.

 

V одд. ПОСЕТА НА КИНО – Филм “ Ваијана – Потрага по митскиот остров”

 

На 19.12.2016 (понделник) учениците од петтто одделение при ООУ “Дане Крапчев” – Скопје , беа  во посета на  киното “ Cineplexx “ , со цел да се запознаат со киното  како дел од медиумската култура и да го доживеат амбиентот во него и да ја воочат разликата во проследување филм во домашни услови и кино сала. Учениците  го проследија авантуристичкиот анимиран филм “ВАИЈАНА – Потрага по митскиот остров”.

 

            

 

СОДРЖИНА: Главниот лик е Моана, ентузијаст за пловење по морето, и единствената ќерка на шефот на голем број  луѓе со способност за одлична навигација. Кога на нејзиното семејство и треба нејзината помош, таа тргнува на епско патување. Моана ги користи најзините навигациски вештини за да отплови на митскиот остров. На авантурата  и се придружува нејзиниот херој, легендарниот полубог Мауи.

Одделенски наставник: Даниела Торковска

This slideshow requires JavaScript.