Како да се помогне на децата во пишувањето домашна

Во еден идеален свет би било можно подеднакво добро да го поминувате времето со семејството и истовремено со тоа да сте совршени во работата и во социјалниот живот. Но, колку и да сакаме да сме совршени во секој поглед, тоа често е невозможна мисија.
Во еден идеален свет би било можно подеднакво добро да го поминувате времето со семејството и истовремено со тоа да сте совршени во работата и во социјалниот живот. Би можеле да го комбинирате бизнисот со задоволството, да им помагате на децата во учењето, да обрнувате доволно внимание на својот сопруг, но сето тоа понекогаш се чини невозможно.

Па, колку и да сакаме да сме совршени во секој поглед, тоа често е невозможна мисија.

Децата најмногу страдаат од секојдневието на вработените родители. Кај некои деца настапуваат потешкотии со учењето на лекциите и пишување на домашни. Во овие моменти родителот треба да интервенира, колку и да е тешко во многу случаи.

Како да му помогнете на вашето дете да ги научи лекциите и да напише домашна задача, без да го правите тоа целосно наместо него?

Воспоставување на  рутина

Децата, особено додека се мали, тешко ја разбираат важноста на учењето, одењето на училиште и пишувањето на домашни. Повеќето од нив го гледаат ова како тежок товар, кој не им дава ништо суштинско, освен дека им го одзема времето за игра.

Затоа задача на родителите е да воспостават ред и да го натераат детето да се фокусира на овие непријатни задачи, за да му остане доволно слободно време и за забава.

Рутината е една од најважните нешта кои родителот треба да ги воспостави. Направете распоред за сите обврски, но не оставајте го  пишувањето на домашни за подоцна вечерта. Тогаш детето станува не работоспособно, а има потреба и од одмор пред следниот тежок ден во училиште.

Отстранете ги елементите кои му го одземаат вниманието

Поставете правила – кога се учи, тоа се прави квалитетно. Во утврденото време за учење не треба до детето да има паметни телефони, лаптопи и уреди за игра, кои ќе го одвлекуваат неговото внимание.

Создадете простор за учење

Некои места во домот се многу попријатни за учење од други места. Спалната соба на детето е една од најлошите варијанти. Таму е сè што предизвикува одвлекување на вниманието. А и од психолошка гледна точка не е добро да се спие и да се учи во една просторија.

Една студија покажа дека масата во кујната или во трпезаријата се двете најпогодни локации за пишување на домашни. Важно е во овој момент регионот да е тивок, за да може детето да се фокусира.

Бидете негов асистент

Не го терајте детето задолжително само да ги пронајдува и поправа грешките. Важно е да се научи да се справува со предизвиците, вклучувајќи ги и најтешките лекции, но не го оставајте потполно само да се мачи. Помагајте, одговарајте на прашања, нудете помош и мислење.

Бидете строги

Повеќето деца ќе направат се што е можно за да го избегнат здодевниот дел на пишувањето домашна и да одат да си играат. Бидете строги и не попуштајте. Натерајте го детето да ја сфати важноста на учењето, без разлика колку пати ќе треба да го повторите.

На секое дете му треба цврста рака, додека се навикне на рутината и да го разбере значењето на упорноста во учењето.

Обука „ Читаме, учиме и се забавуваме“

На 29.10.2016 год. во нашето училиште се одржа обука „Читаме, учиме и се забавуваме“ што е во рамките на проектот „Со читање до лидерство “ а во организација на Фондацијата за образовни и културни иницијативи  – Чекор по чекор и УСАИД – Македонија. На обуката присуствуваа претставници од осум училишта. Од нашето училиште присуствуваа наставниците: Жаклина Атанасовска, Данче Костовска Јакимовска, Наталија Николовска, Елизабета Георгиевска, Тања Метикош, Даниела Торковска и педагогот на училиштето Габриела Пљачковска.

На обуката беа претставени техники за препознавање букви и зборови, читање текст и разбирање текст како и начини за вклучување на семејствата во процесот на описменување на децата. Во наредниот период ќе се изврши дисеминација на оваа обука пред сите наставници од одделенска настава во нашето училиште.

20161029_104219_resized20161029_100802_resized20161029_100808_resized20161029_124704_resized 20161029_124701_resized 20161029_124940_resized 20161029_124948_resized 20161029_125018_resized