Регионален натпревар по француски јазик

На 6 Мај 2022 година во ООУ „Димитар Миладинов“ се одржа регионалниот натпревар по француски јазик.

На натпреварот учествуваа ученичките Сара Ангелова, Јована Ивановска и Ева Серафимовска од осмо одделение. Сите покажаа одлични знаења а ученичката Сара Ангелова се пласираше на државниот натпревар.

Честитки за сите, а на Сара и посакуваме успех на државниот натпревар кој ќе се одржи во среда, 11 Мај во ООУ „Невена Ѓоргиева Дуња“