Пријателски места за аутизам

Македонското научно здружение за аутизам и ООУ “Дане Крапчев” склучија меморандум за соработка во рамките на проектот “Пријателски места за аутизам”. Во овој проект нашето училиште се стекна со 11 сертифицирани амбасадори (наставници и стручни соработници) и сертификат за училиштето како пријателско место за аутизам. 💛❤️💙🖐🏾🖐🏼🖐🏻

Нашето училиште обезбеди: 1. Тивко место за смирување при реакција на вознемиреност поради пречувствителност.

2. На учениците со аутистичен се ставија на располагање спектар ситни манипулативи -сензор за стимулација.

3. Табла/постер за комуникација со помош на симболи.

4. Едукативни материјали за примена на техниката социјални приказни за поддршка на разбирање на учениците на теми: училиште, дневни рутини, однесување и здравје.

5. Визуелен распоред на децата со аутистичен спектар.