ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА ООУ „ДАНЕ КРАПЧЕВ“ – СКОПЈЕ

„Сите ние имаме глас во креација на заедничка иднина“

На 08.02.2019 година со почеток во 12 часот во холот на ООУ “Дане Крапчев” , беше одбележана 41 година од постењето на училиштето. Беше организирана пригодна програма, во која учество земаа ученици од училиштето и гости од студиото за танц Еурека и од Факултетот за музичка уметност.

Со ритмички точки се претставија учениците од IV и V одд. под раководство на наставничката Лидија Ѓоргиева настапија со ритмичкa точка на микс од инструментална музика.

V одделение под раководство на наставничката Лидија Велковска, настапија со ритмичка точка на песната “Вlack magic”.

Студиото за танц „Еурека“ се претстави со хип-хоп изведба на одбрана музичка композиција.

Училишниот хор настапи со химната на училиштето.

Пријатната атмосферата беше надополнета и од страна на училишниот оркестар под раководтсво на наставникот Ванчо Јовчев. Учениците изведоа две прекрасни композиции:

„Музички момент“ од Франц Шуберт,

„Обоата на Габриел“  од Емио Мориконе, каде специјален гостин беше и студентот од ФМУ Андреј Петрески кој свиреше на обоа.

Јана Стоилевска ја изведе ,,La shate mi murire“ – во пијано придружба на наставникот Ванчо Јовчев.

Како дел од проектот „И јас имам глас“ учениците изведоа и драматизација поврзана со правата на децата под менторство на наставниците по Македонски јазик Елена Малинова и Катица Стојческа.

Во пресрет на патрониот празник во училиштето се твореше и црташе на темата: „Јас со глас за мојата иднина“.

Наградени од ликовниот конкурс се:

1.место  Михаела Стојменовиќ    и    Павел Наневски  од   VIII-3

2. место Теодора Стефановска  IX-2   и    Дина Шабановиќ  VIII-3

3. место Лулхан Ајрединов VI-2 Драгана Здравковска VI-3 Теодора Мусајска IX-3

Од литературните творби  наградени се следните:

  1. место Горазд Стојановски од V-4
  2. место Марија Гичевска од IV-1
  3. место Марија Стојановска од VI-2

Од прозните текстови наградена творба е творбата на ученичката Моника Блажевска од IX-1

Концептот на овој патронен празник беше поинаков од претходните. Овој пат во активностите беа вклучени и младите физичари, хемичари, биолози, ученици кои се докажуваат во природните науки. Преку експерименти и програмирања докажаа и покажаа само дел од нештата кои тие умеат да ги направат, а верувајте ги има многу. Под менторство на наставниците Јулија Јанкуловска, Сашка Крстевски, Бојана М. Личева и Душанка Китановска.

Оваа прилика ја искористивме и да ја претставиме на јавноста нашата Медијатека каде што освен со позајмување и користење книги, енциклопедии, прирачници и речници, учениците имаат можност да учат и истражуваат, да ја развиваат својата личност и  да ги задоволуваат своите интереси со помош на 20 компјутери и интерактивна табла.

Изразите на лицата на посетителите, вработените, учениците, Градоначалникот на општината и претставниците на Сојузот на борците, од различни институции и фирми со кои училиштето соработува, говореа за успешноста на приредбата и времето поминато во добра атмосфера. А за сето тоа да изгледа така се погрижија директорката на училиштето Виолета Стоилевска, координаторот  на тимот за културно забавен живот Даниела Торковска, наставничката Јагода Филиповска која го подготви сценариото, наставничката Марија Наневска Николоска која се погрижи за сценскиот изглед   и нашите вредни и талентирани ученици и  нивните наставници.

Координатор на тим за културно забавен живот

                                                                                                     Даниела Торковска

 

This slideshow requires JavaScript.