Збирка раскази и песни “Моето патување во Фантазија”

Ученикот Христијан Гочевски Иваноски од  IV 1 одд.  на ден  27-12-2019 учествуваше на промоција на збирка раскази и песни “Моето патување во Фантазија”. Настанот  се одржа во холот на Националната Филхармонија.  Учество зедоа  сите ученици  чии дела се избрани на конкурсот, како и нивните ментори и директори на училиштата.

Ученикот Христијан Гочевски Иваноски напиша песна под менторство на наставничката Билјана Трајановска. Песната беше избрана на конкурс за  да биде дел од оваа збирка на раскази и песни.

На настанот  се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев. Тој искажа дека ова е книга од деца за деца, без реклами што ја прекинуваат забавата на најинтересното, нема батерија што се троши, може да се стопира и паузира и да се враќаат најубавите моменти во неа.

Оваа збирка е заеднички успех на сите деца кои испратија творби да бидат објавени во неа, создаде нови јунаци и жители на Фантазија за кои ќе читаат врсници на детските автори, бидејќи книгата ќе биде дистрибуирана во училишните библиотеки.