ДОБРЕДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА!

Денес нашето училиште се збогати со стотина нови ученици. Денес за прв пат во училишните клупи седнаа дечиња со мали умни главчиња, желни за знаење. Нивните другарчиња им подготвија кратка приредба за добредојде. Учителките ги пречекаа со насмевки.  Тие влегоа во светот на  буквите и бројките, во светот на нови знаења и нови пријателства. СРЕЌЕН ПОЧЕТОК ПРВАЧИЊА!

This slideshow requires JavaScript.