Децата не се раѓаат со предрасуди

                   Во рамките на проектот “Децата не се раѓаат со предрасуди“ на 25.11.2021г. се одржа онлајн средба помеѓу претставници од Здружението СОЛЕМ и учениците од 6-2одд., 6-4одд. и  наставници од ООУ “Дане Крапчев“-Скопје. Учениците се запознаа дека  оваа организација  заедно со возрасните лица со интелектуална попреченст  работи за нивно информирање, охрабрување  и оспособување, со цел остварување на нивните човекови права и поголема вклученост во заедницата.

 Се запознавме со Ива и Александар кои ни се претставија, ни кажаа каде го завршиле нивното основно и средно образование и со што се заниваат.  Ива ни ги презентира активностите на лицата  во ова здружение  на граѓани.

Од страна на Здружение СОЛЕМ е основано првото социјално претпријатие „Handicrafts4u“ каде што тие  и возрасни лица со интелектуална попреченост изработуваат производи за секојдневна употреба кои може да се брендираат и да бидат уникатни согласно барањата на клиентите – организации, компании. Преку оваа работа тие ги развиваат вештини со кои можат активно да придонесуваат во нашето општество.

Ива ги запозна учениците со Конвенцијата за правата и потребите на лицата со посебни потреби.

Во понатамошниот тек на средбата следеа прашања од учениците за “Глада Худик Театар” и соработката со Здружението СОЛЕМ и прашања кои беа поствени кон Ива и Александар за нивните  активности, интереси, желби, хоби, но следеа и обратни прашања на кои одговараа и учениците.

                На оваа средба секој  научи нешто ново, запознавање и ново пријателство кое ќе трае и ќе има понатамошни дружби за споделување на мислења и идеи и постигања.