Денес е Светскиот ден на детето

Денес е Светскиот ден на детето! Одбележуваме точно 32 години од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето од Обединетите Нации. Точно 32 година трае борбата за заштита и унапредување на детските права.

Но и денес светот се соочува со истите предизвици, како и на почетокот. За жал се уште има деца кои живеат на работ на егзистенцијата, без доволно храна, без пристап до чиста вода за пиење, без можност за образование, здравствена заштита. Има деца кои се жртви на насилство и злоупотреба.

Токму затоа, не само 20 ноември, туку секој ден треба и мора да биде ден на детето. Нека бидат среќни секој ден. Секое дете има свои желби, соништа, своја страст, почитувајте ги. Ако вашиот син сака да биде полицаец, а вашата ќерка сака дабиде балерина, почитувајте го тоа и поттикнувајте ја нивната љубов кон тоа. Охрабрувајте ги и носете ги на места каде што ќе може да се запознаат со работите за кои чувствуваат страст. Светот мора да биде обединет во подигнувањето на свеста  за детските права. Само преку заедничка и координирана акција ќе создадеме услови за безгрижно детство, за развој и квалитетно образование, со еден збор услови за воспитување на идните градители на светот.

Борбата за унапредување на детските права продолжува.

За нас секое дете е важно!

Се грижиме!

– Најдобро се открива душата на општеството преку начинот на кој таа се однесува кон своите деца – Нелсон Мандела.

– Нема седум чуда во светот во очите на детето. Има седум милиони – Волт Стрејтиф.

Нека е честит Светскиот ден на децата!