ЧЕСТИТ 11 ОКТОМВРИ – ДЕН НА АНТИФАШИСТИЧКОТО ВОСТАНИЕ И НОВ

Поминаа 80 години од овој настан со кој во 1941 година беше означен почетокот на антифашистичкото востание и народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на Македонската држава. 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.