Ликовен и литературен конкурс

Почитувани ученици од ООУ„Дане Крапчев“ Скопје

  • ООУ „Дане Крапчев“ Скопје, Ве известува дека и покрај новонастанатата состојба натпреварите може да се реализираат и од дома. Според тоа се организира ликовен и литературен конкурс на тема „Да се заштитиме седејќи дома и творејќи“. Нашата идеја е да ја негуваме креативноста и натпреварувачкиот дух кај учениците, особено во време кое со својата сериозност сите не загрижува и оптоварува. Ние наставниците од ООУ„Дане Крапчев“ мислиме дека спроведувајќи го овој конкурс ќе ја поттикнеме фантазијата, креативноста на учениците и ќе допринесеме да го направиме повесел и поинтересен, кога мораме сите да останеме дома, да учиме од дома, а најважно од се  да се грижиме за нашето здравје и да ги почитуваме сите препораки поврзани со заштита и превенција од корона вирусот – COVID -19.
  • Натпреварот е организиран со цел да се поттикне креативноста кај учениците и да се исполни нивното слободно време со позитивни и интересни содржини. Во истиот, учество може да земат сите ученици од 2 до 9 одделение кои сакаат своите уметнички способности да ги реализираат и промовираат на овој начин.

Конкурсот го организираме во две категории:

  • ликовен конкурс и
  • литературен конкурс

Учество може да земат сите ученици од 2 до 9 одделение

1. Ликовниот конкурс се организира во две подкатегории

            -компјутерска творба (слика или цртеж изработен во некоја компјутерска програма)

            -слика или цртеж изработен во било која класична ликовна техника (темпера, пастел, акварел, молив, фломастери, лавиран туш, туш и перце, дрвени бои, колаж…)

2. Литературниот конкурс се организира во две категории

            -проза

            -поезија

Начин на праќање:

– за ликовниот конкурс творбите треба да се испратат на email:        likovenkonkursdk@yahoo.com  

– за литературниот конкурс творбите треба да се испратат на email: literaturenkonkursdk@yahoo.com    

 – творбите треба да се испратaт со шифра која сами ќе ја смислите така што во Subject ќе ја запишете шифрата и одделението (не паралелката). На истата шифта ќе го именувате и фајлот . (пр.   User4 – тоа значи шифра –User  одделение: 4)

– од сликите и цртежите изработени во било која класична ликовна техника се праќа фотографија

– конкурсот трае до 05.04.2020 година до 24 часот.

– по завршување на овој рок творбите ќе бидат испратени на тричлена комисија

– творбите ќе бидат разгледани и оценнети (on line) од страна на тричлената комисија

– творбите кои ќе пристигнат по објавениот рок нема да се земат во предвид, исто така нема да се земат во предвид и творби кои ќе содржат име и презиме.

За литературниот конкурс покрај горенаведеното треба да ги исполнат и следните барања:

– творбите треба да се напишани во word документ во Ariаl  со македонска подршка фонт 12.

Се разбида дека во конкурсот и за ликовниот и за литературниот конкурс ќе биде во две категории во однос на возраста:

  • Прва категорија  за ученици од 2 до 5 одделение
  • Втора категорија за ученици од 6 до 9 одделение

Со почит,

ООУ „Дане Крапчев“