
Регионален натпревар по македонски јазик
На 6.5.2017год. во ООУ „Коле Неделковски“- Скопје се одржа Регионалниот натпревар по македонски јазик за основно образование.
Нашата ученичка Марија Спасовска од IX-4 одд. освои 92 поена и се пласира за учество на Државниот натпревар по македонски јазик за основно образование кој ќе се одржи во Струмица.
Честитки за Марија и желби за поголем успех!
Предметен наставник – Катица Стојчевска