
Награда „Големата мајка“
Во Музејот на Македонската Револуционерна борба со богата програма и многубројни посетители се одбележа 40-годишнината на општина Гази Баба.
За постигнати резултати во повеќе области, за соработка, за афирмација на општината, за хуманост, за врвни резултати постигнати во својата област, петта година по ред на најдобрите им беше доделена наградата „Големата мајка”.
Наградата за значајни остварувања во областа на образованието и воспитанието од наставнички кадар ја доби одделенскиот наставник Тања Метикош од ООУ „Дане Крапчев”.
Во музичката програма учествуваа оперската певица Александра Коцевска, хорот Хераклеа под водство на Јасмина Ѓоргеска, и мандолински оркестар на МКЦ под водство на професорот Ванчо Јовчев.