Мултикултурализмот во образованието – Активност 2

Продолжуваме со реализација на следната активност на тема Уметничка работа на учениците „Ученици уметници“ од проектот “Мултикултурализмот во образованието”. Активноста 2 се реализираше во просториите на ООУ “25 МАЈ” во соработка со ООУ “ДАНЕ КРАПЧЕВ” на ден 10.05.2022 година. Целта на активноста беше учениците да разберат дека и отпадот може да го претвориме во уметничко дело.
Голема благодарност до учениците од двете училишта, до родителите кои помогнаа во реализација на активностите и благодарност до колегите од ООУ „25 Мај“ кои се вклучени во овој проект и беа одлични домаќини.