21 Март – ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА

По повод 21 Март – ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА учениците од нашето училиште заедно со ученици од општинските основни училишта учествуваа во акција за засадување нови садници во с. Раштак.

Со оваа активност на дело ја покажавме нашата грижа кон животната средина, како еден од важните предуслови за квалитетен живот

По засадувањето дрвца, со ученици од различни етнички заедници од нашата општина учествувавме во традиционален марш под мотото:

“ПЕШАЧИМЕ ЗА МИР, СОЖИВОТ И ТОЛЕРАНЦИЈА”. Одговорен наставник за активноста: Ивица Петрушевски

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН на СРЕЌАТА

ДЕНЕС во НАШЕТО УЧИЛИШТЕ сè беше во знакот на МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН на СРЕЌАТА 20 МАРТ

Малите твореа на тема СРЕЌА, а ГОЛЕМИТЕ им подготвија подароци и ги направија СРЕЌНИ.

Денес, утре и секој нареден ден СРЕЌА е да си НАСТАВНИК на СРЕЌНИ ДЕЦА.

Идејата за настанот е на наставниците Магдалена Павлеска и Данче Костовска-Јакимовска

– истата ја спроведоа со ученици од IV и VIII одд.

Во активноста се вклучија и математичари од VI одд.

Фотографиите може да ги погледнете на нашата страница на facebook

Европски квиз на парите

На 18.03.2024 година за време на Глобалната недела на парите во Република Северна Македонија се одржа националниот натпревар „Eвропскиот квиз на пари“ најголемиот европски натпревар за финансиска едукација. Натпреварот беше организиран од страна на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народна банка на Република Северна Македонија и Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија.На натпреварот зедоа учество околу 1000 ученици од 13 – 15 години. Од нашето училиште, ООУ„Дане Крапчев“-Скопје, учесниците се натпреваруваат во тимови по двајца од 8одд. и 9одд., а учествуваа 10 тима. На натпреварот учениците го тестираа своето финансиско знаење кое ќе им помогне во иднина да ги развијат вистински вештини, подобрување на финансиската писменост, свеста за нејзината важност и стекнување знаења за донесување добри финансиски одлуки.

Светски ден посветен на математичката константа ПИ

Учениците од Математичко – информатичката секција

Ви посакуваат Среќен ПИ ден – 3.14

Тие на интересен начин го одбележаа Светскиот ден посветен на математичката константа ПИ.

Се потсетија на основите на кодирањето, “лансираа” хартиени ракети изработени по даден алгоритам, преку забавен квиз помалите дознаа што всушност е бројот ПИ, за потоа и експериментално да го докажат.

14 март беше предизвик и за поголемите ученици кои ги поттикна да научат повеќе за бројот ПИ и да се натпреваруваат решавајќи квиз во Kahoot.

Погледнете ги

,, НИЗ ИСТОРИЈАТА” – ОД ВРЕДНИТЕ РАЦЕ НА НАШИТЕ УЧЕНИЦИ

Во рамките на ИСТОРИСКАТА РАБОТИЛНИЦА учениците изработија:

-пирамиди, наколни живеалишта, штитови, копја, мечови, садови од глина, песочен часовник, стари писма, средновековни замоци, црква, манастир, боздоган, запрежна кочија, охридска куќа, црешово топче, портрети на познати личности, историски карти…

Работилницата придонесе учениците да ги продлабочат знаењата за секојдневниот живот на луѓето во минатото и да развијат интерес и почит кон нивните достигнувања.

НЕДЕЛА за БОРБА ПРОТИВ РАКОТ

Секоја година во светот заболуваат над 12 милиони луѓе од некој вид малигни заболувања, а 7,6 милиони умираат како последица на болеста.

Експертите и Светската здравствена организација нагласуваат дека приближно 40% од карциномите можат потенцијално да се спречат и ризикот од развој на малигни заболувања може значително да се намали со примена на превентивни мерки и промена на животните навики.

Учениците од IX одделение изработија пано во контекст на оваа тема, ставајќи акцент на пушењето. Оваа штетна навика се смета за ризик фактор кој доведува до малигни, но и многу други тешки болести.

Подршка за сите кои поминале или минуваат низ борбата со ракот!

Со почит,

Тимот на Црвен крст од нашето училиште.

Одговорен наставник: Бојана М.Личева

Заедно учиме за маса и тежина

Овој час по Природни науки, заедно со учениците од „25 Мај“ се реализираше во просториите на нашето учулиште.
Учениците на часот се запознаа со физичките величини маса и тежина. Преку практични вежби,поделени во групи, измерија маса и тежина на неколку предмети (јаболко,портокал,прибор за пишување) и воочија дека масата и тежината се различни величини. Учениците работеа тимски и ангажирано, и сите 10 групи успешно ја извршија задачата: избраа соодветни иструменти и правилно ја измерија масата и тежината.
Исто така воочија дека масата влијае на тежината на телата, колку е масата поголема толку е и тежината на телото поголема. Увидоа и дека масата е непроменлива, додека тежината зависи од гравитациската сила, односно каде и да сме во Соларниот систем,масата е иста,но тежинта е различна на различни планети.
Часот се одвиваше во пријатна работна атмосфера, наставниците ги мотивираа групите да работат и потоа сработеното го проверивме со кус наставен лист на крајот од часот.