Свечен прием на првачињата во детската организација

Денес, на 10.10.2019 година, 113 првачињата од нашето училиште со свечено ветување ѝ пристапија на детската организација. По тој повод се одржа свечена приредба на која настапија учениците од петто одделение. Приредбата ја проследија и родителите на првачињата. На крајот на приредбата на првачињата им беше доделен детски пасош како потврда за прием во детската организација.

Многу успех им посакуваме на наште првачиња!

Aкцијата за чистење на училишните дворови

На ден 10.10.2019 нашето училиште ООУ ֦  Дане Крапчев ֞ активно се вклучи во акцијата за чистење на училишните дворови која ја организираше општината Гази Баба заедно со ЈП Комунална хигиена -Скопје. Акцијата за чистење на училишните дворови  се одвиваше во периодот од 11:00 до 12:00 часот во која беа вклучени сите ученици од 2 до 9 одделение.На учениците им беа поделени медицински ракавици и ќеси за отпад. Учениците го собираа сметот кој зад себе го оставаат несовесните минувачи во целиот училишен двор. Собрани беа околу 12 црни вреќи мешовит отпад.

По завршување на еко акцијата учениците и наставниците од нашето училиште положија свежо цвеќе пред бистата на Дане Крапчев во пресрет на утрешниот  државен празник 11 Октомври -Денот на народното востание

Аудиција на млади таленти за театарска уметност

Млади таленти од драмската секција од нашето училиште заедно со нивните врсници од сите останати училишта од општината,поддржани од нивните наставници ментори, во рамки на проектот:,,Градиме заедничка иднина”, на 09.10.2019.г во ООУ „Стив Наумов“ – Скопје беа на аудиција за талентирани ученици кои покажуваат посебен интерес кон театарската уметност и глума со цел најдобрите со драматизација да го одбележат претстојниот Ден на општината.

Денови на меѓуетничка интеграција: „ГРАДИМЕ ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА-ГРАДИМЕ МОСТОВИ“

На 05.10.2019 г. во „Школка“ Градски Парк, Скопје беше одржана свечена манифестација во организација на ОБСЕ (OSCE-Organization for Security and Co-operation in Europe, Mission to Skopje). На манифестацијата присуствуваа околу 1000 ученици од 30 училишта од нашата држава кои се вклучени во овој проект. За самиот настан имаше говор од страна на Министерот за образование и наука, Арбер Адеми и господинот H.E. Clemens Koja (OSCE Head of Mission to Skopje). По нивното излагање следеше пригодна програма која беше наменета за учениците кои присуствуваа на свеченоста и тоа: хорско пеење, ритмички и спортски перформански, Зумба танцување, R’n’B со вокалот Kanita Suma, Тони Зен и Флека Бенд изведба во живо, како и најразлични улични артистички групи-Жонглери, Магионичар, Акробати, Кловнови, Цртачи на лице, одење по јаже и спортски активности-карате-ката во презентација на KK Yoshitaka, фудбалски натпревари, рачен фудбал, кошарка и пикадо.

Преку сите овие активности учениците ја примија пораката дека заедничката дружба е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и почитување на разликите.

На 06.10.2019 г. во музичкото студио на познатиот пеач, музичар, композитор и снимател Александар Митевски, во склоп на Пионерски Дом Карпош, Скопје од 17:00 до 20:00 часот се снимаше Химната на општината Гази Баба под наслов „Мостови на другарство“ на три јазици: македонски јазик, албански јазик и англиски јазик. За оваа активност наставникот по музичко образование Ваљбон, од основното училиште во с. Страчинци, кој воедно и ја подготви музиката и го напиша текстот на песната ги подготви своите ученици (5 ученици од албанска етничка припадност 1 машко и 4 девојчиња) за делот на албански јазик, а наставничката Роза Јаневска ги подготви своите ученици да го пеат делот на мелодијата на македонски и англиски јазик.  На снимањето присуствуваа и директорката на ООУ „Кирил и методиј“ Анита и директорката на нашето училиште Виолета Стоилевска. Снимањето беше успешно, а во иднина ќе следи и подготовка на Химната со учениците кои пеат во хор од сите 11 училишта на нашата општина. Изведбата ќе биде на сите три јазици. На тој начин учениците ќе ги научат туѓите јазици, ќе ја разберат пораката на текстот и ќе создадат почит кон туѓите култури и јазици и почит на мултикултурата во нашата држава која претставува најголемо богатство за една држава.

Гостување во образовна програма за ученици Ѕвон

Нашите ученици Павел Наневски (9-3), Методија Тасевски (9-4) и Анастасија Тодевска(8-4) ја имаа честа да го престават нашето училиште на емисјата “Ѕвон” и да ги промовираа нашите научно –истражувачки активности по предметот биологија. Учениците  исто така  ги претставија и своите достигнувања на натпреварите во оваа област.

Во емисјата гостуваа на покана на Македонското Биолошко Друштво како истакнати натпреварувачи и вљубеници во биологијата ,заедно со предметниот наставник и ментор  Бојана Личева.

Ученикот Павел Наневски го претстави својот прво награден труд “Прочистувач на вода” на минатогодишниот натпревар “Ноември-Месец на науката” , а учениците Методија Тасевски и Анастасија Тодевска ги споделија своите искуства и награди на општинско,регионално и државно ниво. Се надеваме дека овие активности и достигнувања ќе бидат мотив и за останатите ученици да се приклучат на биолошката секција и останатите активности во оваа област

Акција за донација на книги „Прочитав јас – прочитај и ти“

Ние учениците, членови на драмско-рецитаторска, новинарска и литературна секција поттикнати од одбележувањето на „Месецот на книгата“ и „Денот на јазиците“, а со поддршка на нашите предметни наставници по македонски јазик, одделенските наставници на нашите помали другари од I до V одд., библиотекарот од нашето училиште, решивме да спроведеме акција под мотото:

„Подари книга на другарите твои

и со нив сподели знаења свои“

„ Прочитав јас – прочитај и ти“

             Целта на нашата акција е да го збогатиме нашето училишно катче, библиотека – медијатека  со разновидна  домашна и странска литература која ќе може да ја користи секој од нас, а читајќи книги да уживаме во пишаниот збор, да ги збогатиме нашите знаења и нашите погледи кон светот за полесно да чекориме напред.

              За таа цел  ве повикуваме вас учениците, вашите родители, наставниците, сите заедно да донираме книги од македонската и странска литература (германска, англиска, француска, спрска, албанска……..) да бидеме успешни и да го уживаме благодетот од пишаниот збор , читајќи книги на секој  јазик.

              Акцијата ќе биде спроведена од 7 до 18 Октомври. Подвижниот штанд ќе поминува секој ден во секоја паралелка каде ќе можете да ги предадете вашите донирани книги во кои може да напишете ваша посвета.

Последниот ден, донираните книги ќе бидат изложени во училишниот хол. Секој ќе може да ги разгледа, а потоа и да ги користи. Ќе бидат истакнати најуспешните донатори и ќе им бидат доделни  благодарници.

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИК ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЗАМЕНИЦИ УЧЕНИЦИ ПРАВОБРАНИТЕЛИ

ООУ „ДАНЕ КРАПЧЕВ“ објавува повик за избор на Ученик правобранител и   Заменици ученици правобранители.

Ученикот Правобранител претставува ученик кој ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави на сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во/вон училиштето (Училишен кадар и Народен правобранител).

Дополнителни информации и потребните документи за пријавување ќе ги најдете во следниот документ. Исто така може да се обратите во психолошко-педагошката служба

Конститутивна седница на ,,Ученичкиот парламент”

На 03.10.2019 год. беше одржана конститутивна средба на ,,Ученичкиот парламент”.                На средбата присуствуваа 32 претседатели на сите паралелките од  II до  IX одд.

На почеток од средбата обраќање пред учениците имаше  директорот на училиштето-Виолета Стоилевска која накратко ги запозна учениците со задачите и функцијата на Ученичкиот парламент.Свое обраќање и кратко запознавање со учениците имаа и одговорните наставници :Магдалена Палеска,Данче Костовска-Јакимовска  и Весна Димитровска.На средбата прсуствуваа и стручните соработници од училиштето.

Во продолжение беше реализирано тајно гласање, на кое по демократски пат беа избрани :

Претседател на ученичкиот парламент – Методија Тасевски IX -4 одд.

 Заменик претседател – Ангела Богатинова IX-3 одд.

Секретар на ученичкиот парламент-Ангела Гроздановска IX-1 одд.

Координатор на учебната година – Елма Мемиќ VIII-2 одд.

На сите ученици,членови  на ,,Ученичкиот парламент” и на одговорните наставници им посакуваме успешна работа !