
ЕКО ПАКЕТ-Македонија
На 21-11-2017 во нашето училиште се одржа работилница за наставници во рамките на проектот ЕКО ПАКЕТ-Македонија со што официјално го означуваме стартот на овој еко проект. Проектот се реализира во соработка со НВО „ОХО” и компанијата „Пакомак”, а оваа година целна група се учениците од I до V одд..
Целта на проектот е запознавање на учениците, наставниците , родителите и локалната средина за употребната важност на тетрапак амбалажата. Тетрапак амбалажата доколку се селектира од останатиот отпад е погодна за рециклирање. За да ја постигнеме таа цел во училиштето ќе бидат поставени соодветни корпи за селектирање на тетрапак амбалажа, со што ја означуваме првата фаза од проектот. Еден дел од собраниот амбалажен отпад ќе се искористи за изработка на уметнички дела од учениците под менторство на одделенските наставници, а останиот дел ќе се предаде на компанијата “Пакомак” со цел истиот да се одложи соодветно. Најуспешните дела ќе се ипратат на национален награден конкурс во организација на НВО „ОХО” и компанијата „Пакомак” кој е планиран за месец мај.
За сите подробности во врска со конкурсот тековно ќе Ве информираме.
Ве повикуваме да го направме првиот чекор од проектот и заеднички да отпочнеме со собирната акција на ТЕТРАПАК амбалажа!!!!